Грижа за клиенти

Грижа за клиенти

Задоволството на нашите клиенти е наша главна цел. Овој принцип ги води сите наши активности и се применува во нашите секојдневни ангажмани. Клучните елементи се транспарентност, висококвалитетни услуги и здобивање на лојалноста на клиентите на долг рок. Нашите различни производи и услуги се секогаш присутни на пазарот со цел да ги задоволат барањата и потребите на клиентите.

Сепак, може да има случаи кога задоволството на нашите клиенти не е на очекуваното ниво и ние правиме напори да се надминат ваквите ситуации низ понуда на соодветни решенија. Ние, како доверлив партнер секогаш сме отворени да ја примиме Вашата благодарност, барање, поплака или сугестија, со цел да се обезбеди задоволството на клиентите.

За оваа цел можете да не контактирате преку:

  • со пополнување на формуларот за контакт
  • по пошта до:
    -Халкбанк АД Скопје
    -Дирекција за контрола на квалитет Св. "Кирил и Методиј" бр.54, 1000 Скопје
  • користење на Брошура за поплаки
  • повикување на следниот телефонски број: +389 2 3240 800

Ве молиме прифатете ја нашата благодарност за тоа што го споделивте мислењето со нас и што придонесувате да напредуваме во успесите.

Со почит,
Халкбанк АД Скопје

Приватност

Изјава за приватност и заштита на лични податоци

Оваа изјава:

  • дава опис на личните податоци кои ги обработуваме,
  • начин на кој ги прибираме податоците и зошто,
  • како податоците ќе бидат искористени, кои податоци можат да бидат откриени и зошто,
  • како податоците може да бидат коригирани или избришани,
  • мерките кои се преземени за заштита на податоците и
  • процесот и контакт информациите кои можат да ги користат клиентите со цел да постават пашање, изразат интерес или загриженост, поднесат поплаки и сл.

Лични податоци? 

 

Личните податоци се однесуваат на секоја информација за нашите клиенти, при користење на услугите на ХАЛКБАНК. Лични податоци, вклучувајќи, но неограничувајќи се: вашето име, поштенска адреса, телефонски број, e-mail адреса и матичниот број. Банката ќе ги третира Вашите лични податоци како доверливи и ќе се однесува со нив во согласност со Законот за заштита на личните податоци и неговите подзаконски акти.

Цел на прибирање на лични податоци 

 

Кога ни доставувате лични податоци, истите ги користиме за да одговориме и да ги обработиме вашите барања и да ви овозможиме да пристапите до одредени информации или понуди. Дополнително, со цел да ја зајакнеме нашата врска со клиентите:

  • може да зачуваме или обработиме лични податоци и истите да ги споделиме со останатиот дел од групацијата Халкбанк, со цел подобро да се разберат вашите деловни потреби и како да ги унапредиме нашите продукти и услуги, или
  • Банката (или трето лице – овластен подизведувач, во наше име) може да ги користи личните податоци, да ве контактира за понуда на Халкбанк, со цел поддршка на вашите деловни потреби и спроведување on-line истражување за подобро да се разберат потребите на нашите клиенти.

 

Доколку изберете да не се користат вашите лични податоци за поддршка на нашите односи со клиенти (особено директен маркетинг или истражување на пазарот), Банката ќе го цени вашиот избор. Ние не ги продаваме или на друг начин промовираме во поглед на маркетинг вашите лични податоци.

Директен маркетинг 

 

Повремено, може да ве контактираме преку e-mail, пошта, телефонски повик или СМС порака, со цел да Ве информираме за нашите продукти и сервиси, или за специјални понуди и промоции кои  сметаме дека може да бидат од ваш интерес. Во секое време може да не известите доколку не сакате да бидете контактирани за цели на директен маркетинг со повлекување на вашата изјава  во некоја од нашите филијали, така што вашите лични податоци веднаш ќе бидат избришани од базата на податоци, од контакти за директен маркетинг.

Повлекување на Вашата изјава

Доколку сакате да ја повлечете вашата изјава за согласност за користење на лични податоци, за потребите на директен маркетинг (преку средства за комуникација или воопшто), ве молиме посетете некоја од нашите филијали и поднесете нова изјава.

Грижа и ажурирање на личните податоци

За спроведување на нашите деловни обврски, Банката смета на личните податоци кои ги чува. Затоа, многу е важно личните податоци да бидат точни, комплетни и ажурирани.

Доколку забележите дека одредени лични податоци кои Банката ги чува за вас се неточни, ве молиме контактирајте не веднаш и истите ќе бидат веднаш коригирани.

Пристап до лични податоци од поединци

Можете да пристапите до повеќето од личните податоци кои ги чуваме за вас на начин што формално ќе не контактирате во некоја од нашите филијали.

Можно е да биде предвиден паричен надомест во однос на пристапот до личните податоци за да се покријат трошоците кои би биле направени при обезбедувањето на бараните информации.

Пристапот до лични податоци може да биде одбиен во одредени околности, како на пример, доколку конкретните лични податоци се однесуваат на претходно започнати правни постапки или доколку барањето за пристап е несериозно или предизвикува потешкотии.

Сигурност на личните податоци

Сигурноста на личните податоци ни е важна како на Банка и затоа преземаме технички и организациски мерки за да ги заштитеме личните податоци од злоупотреба, загуба, неовластен пристап, неовластена измена или неовластено откривање.

Чување

Банката ќе ги задржи вашите лични податоци во разумен период за цели споменати погоре или додека не побарате од нас да бидат избришани, или како што е согласно важечката законската регулатива.

Прифаќање и линкови до други веб-страници

Оваа веб-страница на Халкбанк може да содржи линкови до други веб-страници, кои се обезбедни како погодност за вас, но тоа не значи прифаќање на нивната содржина од страна на Халкбанк. Другите веб-страници може да имаат сопствени политики кои Халкбанк не ги контролира, така што не се однесуваат, односно не се контролирани од оваа изјава или политиката за информациска сигурност на Халкбанк АД Скопје.  

Cookie-ja

Терминот „cookie“ се однесува на делови од податоци зачувани на вашиот хард-диск кои содржат информации за вас. Халкбанк користи cookie-ја со цел да се идентификува корисничка сесија, но користењето на cookie не е на ниеден начин поврзано со некаква информација за персонална идентификација во однос на Веб-страницата на Халкбанк.

Кога ќе прегледувате некој од нашите веб-сајтови, може да биде зачуван одреден податок на вашиот компјутер во форма на „cookie“ за да биде искористено за автоматско препознавање на вашиот компјутер при следната посета. Cookie-јата  може да ни помогнат на многу начини, како на пример за идни надоградби на нашите веб-страници кои ќе бидат прилагодени на вашите интереси или за зачувување на лозинка за да не се внесува при секоја посета.  Доколку не сакате да ги примате овие cookie-ја, ве молиме соодветно да го конфигурирате вашиот интернет пребарувач, така што истиот ќе ги избрише сите cookie-ja од хард-дискот на вашиот компјутер, да ги блокира сите cookie-ja или да примате предупредување пред да се зачува некое cookie.

Сепак, можно е некои функционалности на веб-страницата на Халкбанк да не функционираат правилно без утреба на cookies. Халкбанк АД Скопје нема пристап или контрола над овие cookie-ја. Оваа изјава за приватност и заштита на лични податоци не ја покрива употребата на cookie-ја од било кое лице.

GDPR

Известување за Нерезидентите во однос на Заштитата на личните податоци

1. Намената на Известувањето за Заштита на лични податоци при Халкбанк АД Скопје

Ова Известување за Заштита на лични податоци е наменето за Вас нерезидентите во Република Македонија и ја уредува Вашата интеракција со Веб-страниците и вашeто користење на нашите банкарски услуги (во понатамошниот текст, "Услуги"). Освен како што е наведено во ова Известување и нашите интерни акти за заштита на лични податоци, ние не ги обработуваме личните податоци за нашите клиенти и посетители без основ. Правилникот за заштита на лични поцатоци се однесува само на информациите собрани при достава од самите клиенти. Според тоа, Ве охрабруваме да го прочитате целoтo Известување подолу кое се однесува на: Информациите што ги собираме, Како ги обработуваме информациите што ги собираме, Како ги споделуваме информациите што ги собираме, Пренос на податоците, Сигурноста на податоците, Правата на субјектот на податоци и корекција на лични информации, Промени во оваа работењето со Заштитата на личните податоци; Известувањето се однесува за заштита на личните податоци на лицата кои се опфатени со Регулативата, а за сите останати лица ќе се применуваат позитивните прописи на Р. Македонија кои се однесуваат на заштитата на лични податоци.

2. Кои извори и податоци ги користи Халкбанк АД Скопје?

Халкбанк АД Скопје ги обработува личните податоци што ги добиваме директно од Вас (како субјекти на личните податоци) при воспоставување или во текот на нашиот деловен однос. Обработката на лични податоци е во обем потребен за обезбедување на нашите услуги, вклучувајќи ги и податоците од јавно достапни извори (на пр. имотни регистри, трговски регистар, кредитни регистри, регистар на асоцијации, печат, интернет и сл.), податоци разменети со Халкбанкаси АШ Турција или останати надлежни субјекти/институции кои имаат правен основ. Личните податоци опфаќаат, но не се ограничуваат на: име, презиме, ЕМБГ, адреса и други податоци за контакт, датум и место на раѓање и националност; документи за идентификација и податоци за автентикација (своерачен потпис) и сл. При обработка може да се користат и податоци од извршени услуги (налози за плаќање), податоци од исполнувањето на нашите договорни обврски (индиректни информации при обработка на плаќања), информации во врска со Вашата финансиска состојба(податоци во врска со Вашата кредитна способност, кредитна оценка / рејтинг или извор на Вашите примања), податоци од Вашето користење на дигиталните медиуми кои ги нуди Банката (време на пристап до нашите Веб-страници, апликации или билтени, страници или линк на кој сте кликнале) и други податоци кои се вбројуваат со овие категории.

3. Зошто ги обработуваме Вашите податоци (целта на обработката на податоците) и кој е правниот основ?

Банката ги обработува личните податоци на начин што е во согласност со целта за која истите биле собрани. Доколку личните податоци треба да се обработуваат и за други цели, Халкбанк АД Скопје за новата обработка на лични податоци изработува проценка на влијанието на заштитата на податоците, Ве известува за истото и, ако е потребно, обезбедува Ваша согласност . Халкбанк АД Скопје ги обработува Вашите лични податоци врз основа на Ваша согласност и во согласност со позитивните прописи, применувајќи го Законот за заштита на лични податоци на РМ, а истовремено се стреми кон целосно усогласување на одредбите на GDPR регулативата (Европска Регулатива за заштита на лични податоци) кои се директно применливи за ЕУ граѓани без оглед на територијата, во очекување на новиот Закон за заштита на лични податоци во РМ, усогласен со GDPR.

3.1. Исполнување на договорни обврски (Член 6/1 / б, од Европска Регулатива за заштита на лични податоци: GDPR)

Обработката на Вашите лични податоци (чл.4 бр. 1 и бр. 2) се врши со цел извршување на банкарски активности и финансиски услуги потребни за реализирање на договорните обврски кон Вас; спроведување активности пред потпишување на договор, извршување на услуги кон Вас и извршување на активности неопходни за работење и администрирање на институции одговорни за кредитни и финансиски услуги. Обработката на податоците првенствено се врши во врска со одредена услуга која ја нуди Банката (на пример, отворање на сметка, одобрување на кредит, , депозити), а останатите цели може да вклучуваат и анализа на Вашите инвестициски планови, давање совети, услуги за управување со средства и извршување на трансакции, вклучувајќи споделување на податоци со компании во рамките на релациите со мајката компанија – Халкбанкаси АШ Турција и трети земји (на пример, Швајцарија и Соединетите Американски Држави) и сл. Понатамошни информации за тоа како и зошто ние ги обработуваме Вашите лични податоци може да се најдат во договорните документи и условите применливи за услугите или трансакциите кои ги користите.

3.2. Балансирање на интереси (член 6/1 од GDPR)

Доколку е потребно, Халкбанк АД Скопје, дополнително ќе обработува Ваши лични податоци согласно минимумот потребен за извршување на услугите кои ги нуди, а со цел заштита на сопствени или правни интереси на трети лица, освен доколку со тоа не се повредуваат Вашите лични податоци. Примерите се следни:

  • рекламирање, доколку за таа цел имате дадено согласнот;
  • потврдување на правни барања и доказ во правни постапки;
  • зачувување на ИТ безбедност и ИТ работење на Банката;
  • превенција и истрага на кривични дела;
  • видео надзор, со цел остварување на правото за утврдување на дозволен/одбиен пристап, прибирање на докази во случај на грабежи или измами или потврдување на готовинските приливи или исплати, на пр. во банкомати;
  • воспоставување на мерки за физичка безбедност (на пример, контроли за пристап);
  • мерки поврзани со управување со бизнисот и понатамошниот развој на производи и услуги на Банката;
  • размена на лични податоци со Халкбанкаси АШ Турција за заштита на правните интереси на Банката.

3.3. Согласно законски одредби (член 6/1 / в, GDPR)

Како банка, исто така сме подложни на низа законски барања (согласно Законот за банки, Закон за спречување на перење пари и финансирање тероризам, Закон за хартии од вредност, Закон за заштита на лични податоци и други позитивни прописи) и регулаторни барања (од институции како НБРМ, Управа за Јавни Приходи, Дирекција за заштита на лични податоци и сл.). Вашите податоци се обработуваат за цели на проверка на Вашата кредитоспособност, Ваша идентификација и верификација, спречување на измама и перење пари, исполнување на обврските за следење и известување според даночните прописи, како и проценка и управување со ризици во банкарското работење.

3.4. Обработка на лични податоци врз основа на Ваша согласност (член 6/1 / a, GDPR)

  • Халкбанк АД Скопје ги обработува Вашите лични податоци врз основа на Вашата согласност за обработка на лични податоци за специфични цели (на пр., пренос на податоците во рамки на Халкбанкаси АШ Турција и обработка на податоците од платежните трансакции за маркетинг цели), дадена во склоп на потпишаните Договори за банкарските услуги, соодветно.
  • Согласноста може да се повлече во секое време, вклучувајќи и каква било согласност што ни е дадена пред воведувањето на GDPR. Повлекувањето на Вашата согласност нема да има влијание на законитоста на обработката заоснована на согласноста, пред нејзино повлекување.

За лица под 18 години потребна е согласност од старател. Доколку е потребно да се потврди валидноста на согласноста дадена од стрателот, Банката ќе ги преземе сите расположливи мерки за потврда на истото.

4. Кој ќе ги добие Вашите податоци?

Пристап до Вашите податоци имаат овластените вработени во Банката (вклучувајќи ги и овластените вработени во Халкбанкаси АШ Турција), со цел исполнување на нашите договорни и законски обврски, односно пренос до корисници на лични податоци кои имаат правен интерес, и за што постои посебна правна основа, а под услов да не ги пркршуваат Вашите права при заштитата на личните податоци.

Исто така, Банката ги открива Вашите лични податоци до давателите на услуги и агентите кои ги користиме (член 28 од GDPR) за овие специфични цели, вклучувајќи ги компаниите кои работат во следните области: кредитни услуги, даноци и сметководство, ИТ услуги, логистика, услуги за печатење, телекомуникации, наплата на долгови, совети и консултации, продажба и маркетинг. Постои можност да ги користиме електронските портали од провајдери, односно софтвер развиен од трети страни, за да ги процесираме Вашите платежни трансакции преку интернет-банкарство.

Во однос на преносот на податоци до корисници (трети лица) надвор од Халкбанкаси АШ Турција, би сакале да истакнеме дека Банката ја чува доверливоста во однос на податоците и информациите поврзани со Вас како клиенти со кои соработуваме (чување на “банкарска тајна”). Дозволено ни е да пренесуваме информации за Вас само доколку со закон тоа ни е дозволено и ако сте дале писмена согласност. Во зависност од овие услови, приматели на лични податоци може да бидат:

  • државни институции (на пример, НБРМ, УЈП, нотари,судови, УФР, УФП и сл.) доколку постои нивна законска надлежност;
  • други банки и институции за финансиски услуги или слични тела на кои што обезбедуваме лични податоци за цели на водење на нашиот деловен однос (на пример, коресподентски банки, депозитарни банки, берзи и кредитни агенции, во зависност од договорот и сл.).

5. Колку долго се чуваат Вашите податоци?

Банката ги обработува и чува Вашите лични податоци до исполнување на целта за која се прибрани односно исполнување на договорните и законски обврски. Треба да се напомене дека нашиот деловен однос може да трае повеќе години. Покрај тоа, имаме обврска за чување и документирање на податоци кои произлегуваат од позитивните прописи како што се , Законот за банки, Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам, Законот за хартии од вредност, Закон за заштита на лични податоци и сл. Временските периоди наведени во овие прописи можат да бидат од две до десет години.

Доколку Банката обработува лични податоци за статистички цели по истекот на рокот за нивно чување, истите (трајно) ги анонимизира на начин на кој субјектот не може да биде идентификуван.

6. Дали податоците ќе бидат пренесени во друга земја или на меѓународна организација?

Податоците можат да бидат пренесени и во други земји (т.е. земји надвор од ЕУ и Европската економска област), единствено доколку истото е потребно за извршување на Вашите финансиски услуги (на пр, налози за плаќање, хартии од вредност и сл.) предвидено со закон или доколку имаме Ваша писмена согласност. Би сакале да истакнеме дека размената на податоци може да вклучува и пренос на податоците во трети земји (на пример, Швајцарија, Соединетите Американски Држави и останати земји со кои што Банката има деловна соработка). Дополнително ќе Ве информираме доколку е потребно согласно закон.

7. Кои права ги имате за заштита на Вашите лични податоци?

Според GDPR:

  • имате право на пристап (член 15 од GDPR),
  • право на исправка (член 16 од GDPR), право на бришење (член 17 од GDPR),
  • право на ограничување на обработка (член 18 од GDPR),
  • право на приговор (член 21 од GDPR)

Овие права се подетално обработени во продолжение во точките од 7.1 до 7.4

Во однос на право на пристап и правото на бришење се применуваат одредени ограничувања. Исто така, имате право да поднесете претставка до надлежна институција (член 77 од GDPR).

7.1. Право на пристап до Вашите лични податоци (член 15 од Регулативата 2016/679)

На Ваше барање Банката доставува информација: • потврда дека се обработуваат Вашите лични податоци, • опис на целите на обработката, • листа на категории на лични податоци, • приматели или категории на приматели на кои личните податоци им биле или ќе им бидат откриени, особено приматели во трети земји или меѓународни организации, • периодот на чување на личните податоци или критериуми за одредување на периодот, • постоење на право да побарате исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на Вашите лични податоци односно да поднесете приговор на таквата обработка, • правото да поднесете претставка до надлежна институција, • кога личните податоци не се собрани директно од Вас, да Ви се достават сите достапни информации за изворот од кој се обезбедени. Кога личните податоци се пренесуваат во трета земја или во меѓународна организација, имате право да бидете информирани за соодветните заштитни мерки.

7.2. Право на исправка/ ажурирање (член 16 од Регулативата 2016/679)

Банката постапува по Вашето барање за исправка односно ажурирање и без одлагање ги корегира неточните податоци.

Согласно целите на обработката, имате право на дополнување на нецелосните лични податоци.

7.3. Право на бришење („право да биде заборавено “) (Член 17 од Регулативата 2016/679)

Банката Ви овозможува бришење на Вашите лични податоци, за што мора да се исполни еден од следните услови:

  • личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани или обработени;
  • ја повлекувате согласноста врз основа на која се темели обработката, а не постои друг правен основ за обработка;
  • приговарате на обработката и не постои друга правна основа за обработка;
  • личните податоци се незаконски обработени;
  • личните податоци мора да бидат избришани заради усогласување со законската обврска во ЕУ законодавството;
  • личните податоци се собрани за цели на обезбедување услуги на информатичко општество.

7.4. Известување за исправка или бришење или ограничување на обработка на личните податоци или ограничување на обработката (член 19 од Регулативата 2016/679)

Банката ќе достави известување за сите исправки или бришење на Вашите лични податоци или ограничување на обработката до корисниците на Вашите лични податоци кои се откриени од страна на Банката, освен доколку истото е невозможно или вклучува непропорционален напор. Банката ќе Ве информира за тие корисници доколку истото е побарате тоа.

7.5. Право на приговор (член 21 од GDPR)

Банката Ви овозможува право на приговор, во врска со Вашата специфична ситуација, вклучувајќи профилирање врз основа на тие одредби. Банката нема да ги обработува одредени податоци освен ако не покаже релевантни легитимни основи за обработка која ги надминува интересите, правата и слободите на субјектот на податоците или за воспоставување, извршување или одбрана на правни побарања.

8. Дали имате обврска да обезбедите лични податоци?

Во рамките на нашиот деловен однос, мора да ни обезбедите лични податоци кои се неопходни за воспоставување и водење на деловниот однос и исполнување на останати договорни обврски односно други информации кои сме законски обврзани да ги добиеме. Без овие податоци, можеби нема да бидеме во можност да ги извршуваме нашите договорни обврски и од тие причини имаме право да го раскинеме договорот. Во согласност со прописите за спречување на перење пари, посебно сме обврзани да Ве идентификуваме користејќи го Вашиот документ за идентификација пред воспоставување на деловниот однос, да го евидентираме Вашето име и презиме, место и датум на раѓање, националност, адреса и други податоци за идентификација. За да можеме да ја задоволиме оваа законска обврска, Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам бара од нас да ни ги обезбедите потребните информации и документација и веднаш да не известите за какви било промени кои произлегуваат во текот на деловниот однос и задолжително да ги ажурирате податоците на 2 години. Ако не ни ги доставите потребните информации и документи, не сме во можност да го воспоставиме или продолжиме деловниот однос со Вас.

9. До кој степен се користи автоматизирано донесување одлуки?

Банката не користи целосно автоматизирано донесување одлуки за воспоставување и извршување на деловниот однос. Доколку истото е применливо во поединечни случаи, дополнително ќе Ве известиме во случај тоа да е пропишано со позитивните прописи.

10. Дали се врши Ваше профилирање врз основа на личните податоци?

Банката ги обработува Вашите податоци на делумно автоматизирана основа со цел профилирање во следниве ситуации:

  • Заради спречување перење пари, финансирање на тероризам и други кривични дела што доведуваат до ризик од оштетување на имотот. Во овој контекст се спроведува анализа на податоци (на пр. од податоците за платежните трансакции). Овие мерки се исто така воспоставени за Вашата безбедност.
  • За да Ви обезбедиме конкретни информации и совети во врска со производите кои ги нуди Банката, ние користиме внатрешна анализа на прибраните податоци. Ова овозможува соодветна комуникација и рекламирање, вклучувајќи истражување на пазарот и истражување на јавното мислење.
  • Во текот на оценување на Вашата кредитна способност, користиме бодување (Scoring). Овој метод се користи за пресметување на веројатноста на клиентот да ги исполни неговите или нејзините обврски за плаќање во согласност со условите на договорот. За пресметка може да се земат предвид следните параметри: приходи, трошоци, постојни обврски, професија, работодавач, времетраење на работниот однос, искуства од какви било претходни деловни односи, договорно враќање на претходни заеми и информации добиени од кредитни агенции. Оценувањето е базирано на математичка и статистички одобрена постапка. Пресметаните вредности на резултатот се дел од процесот на донесување на одлуки во врска со продажбата на производот или услугата и се дел од нашето тековно работење и управување со ризици.
Вие имате право да поднесете приговор во секое време во врска со обработка на Вашите лични податоци, кои се засноваат на чл. 6/1 / од GDPR (обработка на податоци во јавен интерес); ова исто така важи и за секое профилирање, за кредитен рејтинг или директен маркетинг. Доколку ја повлечете Вашата согласност Банката нема повеќе да ги обработува Вашите лични податоци, освен ако постојат легитимни основи за обработка на податоците кои ги ограничуваат Вашите интереси, права и слободи или одбрана на законските права.

11. Кој е одоговорен за обработка на Вашите лични податоци и кого да контактирате доколку имате прашања?

Халкбанк АД Скопје
"Св. Кирил и Методиј" бр. 54, Скопје, Македонија
www.halkbank.mk 

Oфицер за заштита на личните податоци
Глигор Брашнарски
Gligor.Brashnarski@halkbank.mk 

12. Промени во работењето за заштита на лични податоци

Работењето во делот на заштита на лични податоци на Банката, повремено може да се менува, во согласност со променливите законски, регулаторни или барањата на клиентот. Ние ќе објавиме какви било промени во истото на нашата веб-страница. Ако направиме материјална промена во однос на интерните акти за заштита на лични податоци, ќе ви обезбедиме соодветен напис на нашата веб-страница пред промената да стапи на сила. Ве охрабруваме периодично да ја разгледате оваа страница за најновите информации за нашите практики за приватност.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.