Услови за кредит
- Износ: до 150.000 ЕУР
- Максимален рок: до 240 месеци
- Каматна стапка со плата: 6,50% фиксни пп + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор, но не пониска од 6,50% (СВТ 6,98%)
- • Каматна стапка без плата: 7,60% фиксни пп + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор, но не пониска од 7,60% (СВТ 8,46%)
- Провизија за обработка на кредитот со плата: 1% од износот на кредитот
- Провизија за обработка на кредитот без плата: 2% од износот на кредитот
- Надомест за предвремена отплата на кредит:
За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата
Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит.
Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката.
Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист.
- Трошоци за кредитот: 350,00 МКД (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања), 150,00 мкд апликација за кредит меничен бланкет, нотарска трошоци по нотарска тарифа како и трошоци за проценка согласно тарифникот на банката.
- Кредитна способност: до 1/2 од вкупните месечни примања со можност на кокредитобарател во зависност од вкупните месечни примања
- Обезбедување: Хипотека на недвижен имот во вредност до 1:1.4 од износот на кредитот, меница и менична изјава, со можност на кокредитобарател.
* 6,98 % СВТ за износ на кредит од 50.000еур, каматна стапка променлива од 6,50%, рок на отплата 95 месеци, трошок за апликација од 150 МКД и трошок за проверка во МКБ 350 МКД
** Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на договорната каматна стапка.