28.12.2017 

Добредојдовте во новите простории на филијалата на Халкбанк во населба Сарај!

Со големо задоволство Ве покануваме да не посетите во новата филијала на Халкбанк во населба Сарај во Скопје на ул.20 бр.83Б.

Со својата присутност во градот преку отварањето на нови филијали Халкбанк се повеќе се приближува до потребите на граѓаните, правејќи уште еден чекор понапред кон достигнувањето на својата цел, да бидеме што поблиску до своите клиенти и квалитетно да им одговориме на секојдневните банкарските потреби на граѓаните и на стопанствениците.

Со отварањето на оваа филијала продолжуваме да работиме во согласност со нашата стратегија, постојано следејќи ги новостите и современите достигнувања во банкарскиот свет, притоа навремено имплементирајќи ги во секојдневното работење на нашите филијали.

Во новата филијала ќе бидат достапни сите производи и услуги на ХАЛКБАНК А.Д. Скопје (штедни влогови, платен промет во земјата и странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, брз трансфер на пари преку Western Union, издавање VISA и MasterCard платежни картички ), ќе се презентираат сите новини кои Банката постојано ги воведува на пазарот, и пред сè, ќе се градат блиски и квалитетни релации со сите постоечки и нови клиенти.

ХАЛКБАНК А.Д. Скопје на крајот на 2017 година достигна број од 39 филијали во вкупно 20 градови во државата. На овој начин придонесе за континуиран раст и постојано отворање на нови работни места.

Со почит,
Халкбанк А.Д. Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.