22.12.2020

Мерки на владата на Република Северна Македонија

Ценети клиенти,

Ве известуваме дека исплатата на финансиска помош од Четвртиот пакет мерки за справување со последиците од Ковид 19 од страна на Владата на Република Северна Македонија ќе се врши во периодот до 25.12.2020, на трансакциските сметки на клиентите и нема ограничувања и рокови за трошење на средствата.

На наменската веб страница „Купувам домашно“, односно на  www.kupuvamdomasno.gov.mk веќе е достапна листата на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, а кои се опфатени со овој пакет мерки.

На клиентите кои се распределени финансиската помош да ја добијат преку Халкбанк АД Скопје, средствата ќе им бидат исплатени на трансакциските сметки, при што:

  • На постоечките клиенти кои имаат активни трансакциски сметки и имаат ажурирани податоци во Банката, средствата им се веќе префрлени и на располагање. Доколку киентите имаат платежна картичка, може да ги користат средствата преку своите платежни картички на ПОС терминали на продажни места или да ги подигнуваат на банкомати. Ја советуваме оваа група на клиенти да избегнува посета на филијала со цел да избегнеме дополнителни редици чекање и турканици.
  • На постоечките клиенти кои имаат активни трансакциски сметки и имаат ажурирани податоци во Банката, но немаат платежна картичка, средствата може да ги подигнат со посета на филијала;
  • Постоечките клиенти кои не извршиле ажурирање на своите податоци потребно е да го сторат истото во најблиската филијала најкасно до 24.12.2020.
  • Примателите на финансиска помош кои се распределени за исплата во Халкбанк АД Скопје, а кои немаат трансакциска сметка во Банката, потребно е да ја посетат најблиската експозитура на Банката и да отворат трансакциска сметка најдоцна до 25.12.2020 година. На оваа група клиенти средствата ќе им бидат исплатени по отварањето на сметката. За отварање трансакциска сметка во Халкбанк АД Скопје потребен е важечки документ за идентификација (лична карта или пасош) и пополнета апликација која е достапна на следниот линк ;
  • Лицата кои имаат блокади во платен промет треба да дојдат во најблиската филијала за да отворат наменска трансакциска сметка најкасно до 23.12.2020. Банката не ги ослободува овие средства од активни или идни блокади добиени по 25. 12. 2020. 
  • Доколку корисник на државна помош е малолетно лице кое, независно дали поседува или не поседува валиден документ за идентификација (лична карта или пасош), неопходно е присуство на родител/старател кој треба да приложи Извод од матична книга на родени, со цел отварање на трансакциска сметка.

Важно:

  • Доколку клиентите не отворат сметки и / или не ги ажурираат своите податоци во Банката до 25.12.2020 нема да бидат во можност да го користат средствата од државната помош.
  • За ажурирање на лични податоци потребно е да ја посетите вашата матична експозитура со важечки документ за идентификација.
  • Финансиската поддршка од државата, во висина од 6.000 денари може да се користи од моментот на префрлување на средствата на трансакциска сметка на клиентот во неограничен временски период.
  • Владата на РСМ, предвидува дека финансиската поддршка од овој четврт пакет мерки може да користи за плаќање на македонски производи и услуги кај правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на РСМ.
  • Сите останати информации поврзани со ислатата на државната помош, клиентите може да ги добијат на 02/3240836 и 02/3250942  (од 08.30 до 16.30 часот),  или пак на наменската веб страница www.kupuvamdomasno.gov.mк.

АПЕЛИРАМЕ ЗА ТРПЕНИЕ СО ЦЕЛ НЕПРЕЧЕНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОВОЈ ГОЛЕМ ПРОЕКТ КОЈ СЕ СПРОВЕДУВА ВО ВРЕМЕ НА ТЕШКИ УСЛОВИ НАМЕТНАТИ ОД ПАНДЕМИЈАТА НА ВИРУСОТ КОВИД 19.

Ваша,

Халкбанк АД Скопје





 


Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.