06.07.2020

Награди за Халкбанк АД Скопје

На наше големо задоволство, оваа година Халкбанк АД Скопје се стекна со две значајни признанија од реномирани светски институции.

За брзината и квалитет во извршување на меѓународните плаќања и трансфери, Commerzbank и ја додели на Халкбанк наградата  “Commerzbank STP Award 2019”.

Во исто време, врз основа на рангирањата на Global Banking & Finance, Халкбанк е избрана за најдобра банка за работа со население во РСМ за 2020 година.

Примените признанија се уште една потврда за успешноста во работењето на банката, а воедно се и поттик за уште поголеми достигнувања во квалитетно финансиско сервисирање на македонскиот пазар.




Со почит,
Халк Банка, АД Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.