06.12.207

Соопштение за добитници

Почитувани ,

Ни претставува огромно  задоволство  да Ве информираме дека денес , 06.12.2017 во 12 часот во просториите на Халкбанк се оддржа извлекувањето на добитниците во големата Наградна игра “Вози Мини со 3 Дисциплини”.

Наградната игра која започна на 15ти Септември,  официјално заврши на 30ти Ноември оваа година и  согласно однапред определените правила за наградна игра беше организирано извлекувањето на наградите со случаен избор по електронски пат со посебен софтвер за таа намена.  

Во присуство на тричлена комисија беа избрани  добитниците на  5 Samsung таблети,4  Iphone7  телефони и главната награда Mini One автомобилот.

Имињата на среќните добитници се официјално објавени и можете да ги видите на следниот линк

Им честитаме за наградите и им благодариме за довербата и лојалноста кон Халкбанк!

Со почит,
Халкбанк АД Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.