28.09.2018

Студентски пакет

Почитувани Студенти,

Халкбанк АД Скопје продолжува со унапредување на услугите со цел задоволување на Вашите секојдневни потреби.

Со големо задоволство Ве известуваме за воведување на студентскиот пакет наменет за сите студенти во Р.Македонија кој нуди низа поволности и привилегии.

Студентскиот пакет нуди ексклузивна можност за повлекување готовина без надомест со дебитната Visa PayWave картичка од сите банкомати во земјата и странство. Пакетот нуди користење на електронско банкарство и мобилно банкарство без надомест и без трошоци за водење на трансакциска сметка.

Наменет за студенти на возраст од 18 до 24 години кои при аплицирањето го приложуваат важечкиот индекс.


Повеќе информации во врска со условите и карактеристиките за студентскиот пакет можете да видите на следниов линк.

Со почит,
Ваша Халкбанк АД Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.