16.09.2015
Халкбанк и Рамстор достапни и во Кичево
На 18 септември, петок, во 11.00 часот, Халкбанк АД Скопје и Рамстор, со заедничка церемонија, свечено ќе ги отворат своите нови локации во Кичево. Новата филијала на Халкбанк и новиот маркет од ланецот на Рамстор-маркети се наоѓаат на ул. „Булевар ослободување“ во Кичево.