Општи информации

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Халкбанк АД Скопје нуди наменски станбени кредити со полиса од незгода издадена од Халк Осигурување АД Скопје.

Кредитот можете да го користите за купување на стан, купување на куќа, како и рефинансирање на вашите изложености во други банки по основ на станбен кредит. Осигурителната полиса овозможува заштита на Вашиот имот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

ПРЕДНОСТИ

Станбениот кредит во денари кој го нуди Халкбанк АД е со временски рок на отплата до 30 години, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Станбениот кредит со девизна клаузула во ЕУР кој го нуди Халкбанк АД е со временски рок на отплата до 30 години, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Доколку купувате недвижност во тек на градба Банката соработува со следните градежни компании (.pdf документ).

Услови за кредит во МКД

УСЛОВИ ЗА КРЕДИТ

    • Износ: до 18.450.000 МКД
    • Максимален рок: 360 месеци
    • Грејс период: до 12 месеци
    • Каматна стапка со плата во Халк Банка АД:
    • Провизија за обработка на кредитот: 0,5% провизија за обработка на кредит,, еднократно однапред

     (Клиентот склучува Договорот за повеќегодишно осигурување со осигурителното друштво. Осигурeната сума е дефинирана во полисата)

    • Учество: минимум 15% учество
    • Кредитна способност: 1/2 од месечни примања (со можност за кокредитобаратели).
    • Трошоци за кредитот :
      • 450 МКД проверка во Кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања),
      • 150 МКД апликација за кредит,
      • Задолжителна полиса од незгода од Халк Осигурување АД Скопје
        • 1.000 мкд годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот
      • Меничен бланкет,
    • Обезбедување: Хипотека на недвижен имот, меница и менична изјава.
    • Надомест за предвремена отплата на кредит:
      За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата. Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит. Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката. Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист.

    * 6,88 % СВТ за износ на кредит од 3.075.000 мкд, 4,5% фиксна каматна стапка за првите 3 години и 7,25 % варијабилна годишна каматна стапка но не пониска од 4,5% за остатокот од периодот, рок на отплата 360 месеци, провизија за обработка 0,5% , трошок за апликација од 150 МКД, трошок за проверка во МКБ 450 МКД и трошок за полиса од незгода 1.000 МКД.

    ** Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ , висината на договорната каматна стапка и износот на полисата.

    Услови за кредит во ЕУР

    Калкулатор


    За дополнителни информации пратете мејл на: naseleniemarketing@halkbank.mk или јавете се на: 02/ 3250-965; 3287-589; 3240-869; 3240-824

    Биди информиран за

    ДЕТСКО
    ШТЕДЕЊЕ

    Штеди за твоите деца

    Земи ја твојата

    КРЕДИТНА КАРТИЧКА

    Ти плаќаш,
    Ние те наградуваме со бонус!

    Оди на

    Е-банкарство

    Прави Банкарски трансакции
    од секаде!

    Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња