Општо

Општo

Еко кредитот е наменет за физички лица кои сакаат да ја зголемат енергерската ефикасност на својот дом со финасирање на економски ефикасни производи и проекти како и  користење на обновливи извори на енергија и набавка на подобра термичка излолација на домот.

На овој начин тие ќе се намали потрошувачката на енергија и придружните трошоци, а во исто време и ќе се придонесе за зачувување на животната средина
Со ХалкБанк АД, Вие имате партнер кој посветено работи кон поголема енергетска ефикасност и подобра животна средина.


Услови за кредитирање

Услови за кредитирање

  • Износ: до  300.000,00 МКД
  • Максимален рок: до 95 месеци
  • Грејс период: до 3 месеци
  • Каматна стапка:  5.5%  фиксна каматна стапка  (СВТ 6,14%).
  • Провизија за обработка на кредитот: 1.75% од износот на кредитот.
  • Трошоци за кредитот: 350,00 МКД  проверка во МКБ (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања), 150,00 мкд апликација за кредит.
  • Кредитна способност: 1/2 од вкупните месечни примања за вработени, 1/3 од  вкупните месечни примања за пензионери.
  • Наменско користење на средствата по про-фактура/фактура
  • Обезбедување:  Договор за кредит

* 6,14% СВТ за износ на кредит од 300.000 МКД, каматна стапка фиксна од 5,50%, рок на отплата 95 месеци, трошок за апликација од 150 МКД и трошок за проверка во МКБ 350 МКД

** Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на договорната каматна стапка.


Прашања

Често поставувани прашања

За што може да го користам овој вид на производ?

Почитувани, доколку планирате инвестиција  во Вашиот дом со што би ја зголемиле енергетската ефикасност, би ги намалиле трошоците за електрична енергија, Ви го нудиме овој производ со одлична каматна стапка. Еко кредитот опфаќа подобрување на изолација/поставување на фасада, замена на врати и прозорци, замена на стари котли и грејни тела, инсталирање на енергетски ефикасно осветлување, инсталирање на соларни системи за греење на вода, замена на стара климатизација, изградба на системи за централно греење.


Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.