УСЛОВИ ЗА КРЕДИТ
- Износ: до 1.500.000 МКД
- Максимален рок: до 120 месеци
- Кредитна способност: до ½ од месечните примања
- Каматна стапка: 6% фиксна каматна стапка за првите две години , за остатокот од периодот варијабилна каматна стапка: 4,5 пп + референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментов изнесува 4,75% (9,25% номинална годишна), не пониско од 6%. (СВТ 8,65%)*
- Провизија за обработка на кредитот: 0%
- Провизија за предвремена ликвидација: 0%
- Трошоци за кредитот:
- 450 мкд - проверка во Кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања),
- 150 мкд - апликација за кредит
- Трошок за полиса за животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје (висината на трошокот за полисата е во зависност од тарифата на Триглав Осигурување- живот АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот)
- Задолжителна полиса од незгода од Халк Осигурување АД Скопје
- 600 мкд годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот
*8,65% СВТ за износ на кредит од 600.000 МКД, : 6% фиксна каматна стапка за првите 2 години, за останатиот период варијабилна каматна стапка од 9,25 %, рок на отплата 120 месеци, трошок за апликација од 150 МКД , трошок за проверка во МКБ 450 МКД и трошок за полиса од незгода 600 МКД
* Во искажаниот пример за СВТ полисата за животно осигурување не е влезена во пресметката
- Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ , висината на договорната каматна стапка и износот на полисата за животно осигурување и полисата од незгода.