Карактеристики

Карактеристики

Постои еден начин за неограничен број задоволства!

Со користење на  Mastercard World  кредитните  картички станувате дел од ексклузивниот клуб на корисници на премиум картички од брендот Mastercard.

Бесконтактната картичка Ви овозможува на брз и едноставен начин со само еден допир на картичката на ПОС терминалот извршување на Вашата трансакцијата. ПИН авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции лимитирани до 2.000,00 мкд или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен нa терминалот кој прифаќа бесконтактни картички.

Можност за брзо и лесно БЕСКОНТАКТНО плаќање секаде каде што го има знакот за бесконтактноплаќање.

 

Mastercard World кредитните картички немаат ограничување на лимитот во број на плати и Ви даваат можност за користење и пристап до средствата од вашиот револвинг кредитен лимит 24/7.

Намената на картичката е за безготовински плаќања на трговската мрежа и подигнување на готовина од банка или банкомат.  Картичката е меѓународна и поддржува можност за интернет плаќања без провизија за трансакции на домашни и странски интернет страни.

За да бидете корисник на MasterCard World картичка треба да исполнувате еден од следните услови :

  • Да сте клиент со редовен работен однос со месечни лични приходи над 50.000,00 мкд

Картичките издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).

Можете да аплицирате за кредитна картичка во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје или online преку нашата Апликација.

За да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС инфо Ве молиме пополнете и испратете ја апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје или  доставете ни ја на емаил :  help24@halkbank.mk

Предности

Постои еден начин за неограничен број задоволства!

Со користење на Mastercard World  картичката станувате дел од Mastercard Platinum клубот каде имате можност да ги користите сите привилегии и бенефиции: http://www.mastercard.com/rs/consumer/businessclub.html

Халкбанк АД Скопје овозможува посебен третман за клиентите корисници на Mastercard World картичката  во над 800 аеродроми насекаде во светот користејќи ги привилегиите  на  Lounge Key програмата:

https://www.loungekey.com/halkbankmk

  • Без ограничување на лимитот во бројот на плати
  • Можност за плаќање до 60 рати без камата кај трговци со кои банката има склучено соработка за плаќање на рати.
  • Можност за кредитен лимит до 1.200.000,00 мкд
  • Минимален одобрен револвинг кредитен лимит 100.000,00 мкд
  • Можност за бесконтактни трансакции со само еден допир на картичката на ПОС терминалот каде што е поставено логото за бесконтактни трансакции.
  • Месечна минимална отплата на само 10% од искористениот кредит.
  • Картичките издадени од Халкбанк А.Д. Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).
  • Повлекување готовина без провизија последните седум денови од секој месец од банкоматите на Халкбанк АД Скопје.
  • 10% пониски цени при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување. 

Можете да аплицирате за кредитна картичка во најблиската филијала/експозитура  на Халкбанк АД Скопје или  онлине преку Апликацијата.

Lounge Key

Lounge Key

Уживајте во патувањата со Вашата Mastercard World картичка !!!

Халкбанк АД Скопје на  корисниците на Mastercard World картичката  им овозможува членство во Lounge Key програмата.

Со самото врачување на картичката клиентот станува   дел од програмата Lounge Key која нуди многу привилегии. Поволностите и бенефициите што ги нуди програмата на 800 Аеродроми низ целиот свет ги ужива  сопственикот на  картичката  и уште една  личност по негов избор.

Повеќе информации кои  аеродроми се вклучени во програмата и условите за користење погледнете на следниот линк:

https://www.loungekey.com/halkbankmk

За полесен пристап и информација на кои аеродроми може да се искористи членството може да се превземе апликацијата за мобилни уреди со iOS  и Android оперативен систем. Можете бесплатно да ја преземете од App Store за IOS уреди или од Play Store за Андроид уреди.

    

Преку мобилната апликација може да си креирате и свој профил за полесно пребарување на аеродромите низ светот.

Доколку сеуште немате  Mastercard World картичка Можете да аплицирате за кредитна картичка во најблиската филијала/експозитура  на Халкбанк АД Скопје или  онлине преку Апликацијата.

Камати и Провизии

Камати и Провизии

Каматни стапки:

Надомест за изработка на основна картичка 200 денари
Надомест за изработка на дополнителна картичка 200 денари
Надомест за Реиздавање на основна/ дополнителна картичка 200 денари
Надомест за Реиздавање на основна/ дополнителна картичка пред истек на рокот (уништена/изгубена) 300 денари
Надомест за итна изработка на картичка  800 денари
Надомест за неоснована рекламација  800 денари
Подигање готовина на банкомати на Халк Банка 3 % мин 200 денари
Подигање готовина на банкомати на други банки 3,5% мин. 250 денари
Подигање готовина на шалтерите на Банката 3,5% мин. 250 денари
Подигање готовина на шалтерите на други банки 3,5% мин. 250 денари
Годишна членарина на основна картичка 4.000 денари
Годишна членарина на дополнителна картичка 4.000 денари
Надомест за издавање на фактура Без надомест
Надомест за опомена Без надомест
Блокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24,емаил или писмено Без надомест
Деблокирање на картичка по барање на клиент преку хелп 24, емаил или писмено 200 денари
Промена на кредитен лимит 300 денари
Сетирање на пин Без надомест
Промена на пин на шалтер 150 денари
Износ на кредитен лимит Врз основа на кредитни политики
Издавање на потврда за кредитна картичка 300 денари

Прашања

Прашања

Како можете да аплицирате за кредитна картичка?

Потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје каде ќе мора да се процени Вашата кредитоспособност и ќе можете да ја подигнете потребната документација за аплицирање  или преку Онлине Апликацијата.

Потребна документација?

  • Апликација за кредитна картичка пополнета од корисникот и од работодавачот
  • Извод од сметка за последни три месеци
  • Копија од лична карта
  • Траен налог
  • За приватни институции дополнително потребно е : М1/М2 образец  заверен од работодавачот

До кој износ може да направам бесконтактна трансакција?

ПИН авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции лимитирани до 2.000,00 мкд или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен нa терминалот кој прифаќа бесконтактни картички.

Како можете да плаќате долг по кредитна картичка(автоматски)?

Доколку сте примател на плата преку Халкбанк АД можете да потпишете траен налог со кој автоматски секој месец ќе ви се одземаат средства од Вашата сметка за подмирување на долгот по кредитната картичка со што заштедувате време. Минималниот износ на долг потребно е да се плати до 10ти во месецот.

Кoлку долго трае процедурата за издавање на нова картичка?

 Кога ќе се одобри барањето процедурата одзема  2 работни дена  за картичката да биде доставена  до филијалата за која корисникот се одлучил да ја подигне, и за истото ќе биде известен преку СМС.

Како може да добијам фактура за кредитната картичка преку e-mail?

Потребно е само да ги известите колегите во филијалата/експозитурата за mail адресата на која сакате да добивате фактури за да се ажурира податокот и да се достави фактура секој месец на наведената адреса.

 

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ЗА LOUNGE KEY ПРОГРАМАТА

Кој може да ја користи картичката Mastercard World за пристап до Lounge Key?

Сопственикот на картичката Mastercard World има привилегија да ги користи бенефициите од Lounge Key програмата со приложување на картичката заедно со  неговата бординг карта и документ за идентификација  (лична карта/пасош).

Картичката Mastercard World е сеуште  валидна, но неможам  да добијам пристап во Lounge Key?

Ве молиме контактирајте ја Банката издавач на картичката-Халкбанк АД Скопје .

Дали може да ги користам бенефициите на Lounge Key доколку картичката Mastercard World не ја носам со себе?

Секогаш мора да ја приложите картичката на одговорните лица за да Ви овозможат пристап во Lounge Key.

Mastercard World картичката ми е украдена, дали можам да ги користам бенефициите на Lounge Key додека ми се издаде нова картичка?

Картичката мора да Ви е реиздадена и да ја приложите на одговорните лица за да Ви овозможат пристап во Lounge Key.


ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ

Одземени ми се средства од  Mastercard World  картичката додека бев во LoungeKey,  а известен/на  сум дека дека  не треба.  Каде да се обратам ?

Ве молиме контактирајте ја банката издавач на картичката  за средствата кои Ви се одземени од картичката.

Не бев задоволен од услугата во LoungeKey, каде може да поднесам поплака?

Вашите пофалби и поплаки може да ги доставите до Банката издавач на картичката и да наведите точно за кој Lounge Key се однесува.


УСЛОВИ ВО LOUNGEKEY

Дали смее малолетно лице/деца  да влезе/влезат во LoungeKey ?

На повеќето аеродроми   е дозволен влез за малолетни лица/деца во LoungeKey, но за сигурно Ве молиме проверете го конкретниот Lounge Key преку можноста на пребарување на официјалната страна на www.loungekey.com/halkbankmk

Дали е ограничено времето за присуство во LoungeKey?

Во секој LoungeKey има различни правила за времето кое може да го искористите.  За повеќе информации Ве молиме проверете го конкретниот Lounge Key преку можноста на пребарување на официјалната страна на www.loungekey.com/halkbankmk 

 

КАКО ДА ЛОЦИРАШ LOUNGEKEY?

 Неможам да ја најдам локацијата на конктретниот LoungeKey- Како полесно да ја најдам локацијата ?

Ве молиме проверете ја локацијата преку можноста на пребарување на официјалната страна наwww.loungekey.com/halkbankmk

Дали со картичката со која можам да посетам  LoungeKey  овозможен ми е и приоритетен пристап за летот ?

Со картичката Ви е овозможен само пристап до конкретниот  LoungeKey.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња