28.05.2019

Халкбанк АД Скопје се вклучува во Деновите на финансиската писменост

Нашата банка, како општествено одговорна компанија се вклучува во реализацијата на Деновите на финансиската писменост, кои ќе се одржат во земјава, од 29 до 31 мај, во организација на Народната банка и другите регулаторни финансиски институции.

Годинава, во рамки на третото издание на Деновите на финансиска писменост, од 29 до 31 мај, во филијалите Плоштад Скопје, Лептокарија Скопје, Тетово 2 и Штип, граѓаните ќе можат во непосредна комуникација со нашите вработени да ги добијат сите информации кои им се потребни, а се однесуваат на нашата работа и продуктите коишто ги нудиме, како и информации за современите  начини на плаќање, можностите за управување со долг итн.

Нашата банка во согласност со своите можности ќе овозможи за сите нивни барања за информации од областа на нашето работење, граѓаните да бидат информирани или советувани од соодветно едуцирани кадри...

Споменатите филијали ќе бидат и соодветно обележени за позицијата каде граѓаните ќе може да добијат корисни информации од нашите вработени, а секако и промотивен материјал за сите кои ќе покажат интерес во едукацијата.

 

Ве очекуваме!


Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.