13.01.2021

Добитници од наградната игра "Плаќај со HALKPAY и освојувај награди"

Почитувани Клиенти,

Со задоволство Ве информираме за успешно спроведено  месечно извлекување на наградната игра ,,ПЛАЌАЈ СО HALKPAY И ОСВОЈУВАЈ НАГРАДИ!” на 12.01.2021 година во 12 часот. Во присуство на трочлена комисија составена од двајца претставници од Халкбанк АД Скопје и овластен нотар,  извлечени се добитници на 5 Смарт Андроид телефони.

Среќни добитници од второто месечно извлекување се :

  • Марија Арсовски
  • Наташа Кузманоска
  • Невена Јованоска
  • Харис Идризи
  • Сашко Граматниковски

Им честитаме на среќните добитници и им посакуваме да уживаат во наградите и да останат верни корисници на услугите на Халкбанк АД Скопје.

Следното месечно извлекување на награди за наградната игра ,,ПЛАЌАЈ СО HALKPAY И ОСВОЈУВАЈ НАГРАДИ!” за трансакции направени со HALKPAY мобилната апликација во период од 01.01.2021 до 31.01.2021 година ќе биде на 03.02.2021 година.

Еден учесник во наградна игра има право да биде извлечен само за една награда од вкупниот број на награди од месечните извлекувања, додека сите учесници од почетокот до крајот на наградната игра учествуваат во главното извлекување.

Користете ја мобилната  апликацијата HALKPAY и бидете дел од наградната игра ,,ПЛАЌАЈ СО HALKPAY И ОСВОЈУВАЈ НАГРАДИ!”

Со почит,

Халкбанк АД Скопје
Важни се луѓето

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.