28.10.2019

ХалкБанка ги засади првите 152 дрвја обезбедени со користење на апликацијата HalkEco

ХалкБанк ги засади првите 152 садници дрвја кои се обезбедени преку користење на апликацијата HalkEco. Во дворот на скопската Гимназија Зеф Љуш Марку засадени се 40 садници, а останатите 112 се засадени во школските дворови на основни училишта низ повеќе градови. Ова е прва акција на ХалкБанк за засадување дрвја, по лансирањето на апликација и е спроведена во соработка со Граѓанската иницијатива „Денови на колективно садење дрвја во Македонија“.



Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.