22.10.2020

Исплата на пензии

Почитувани пензионери, 

Ве повикуваме во Ваш интерес и за Ваша поголема заштита, користењето на октомвриската пензија да ја извршите преку користење на платежните картички за пазарење и користење на мрежата на банкомати во случај на потреба за готовина како и преку платежните опции на електронското и мобилното банкарство.  На сите пензионери кои користат картичка, парите ќе Ви бидат на сметка на 27.10 (вторник) и истите ќе може слободно да ги користите при пазарење со Вашите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии.

За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа: 

  • До 11.000 денари                  27.10.2020 г. (вторник)
  • 11.001-14.000 денари            28.10.2020 г. (среда)
  • 14.001-18.000 денари            29.10.2020 г. (четврток)
  • Над 18.001 денари                30.10.2020 г. (петок)

На шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни картички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на сите банкомати од било која банка во државата без провизија за подигнување на готовина.

Работењето на филијалите од аспект на бројот на вработени и бројот на шалтери кои ќе работат, ќе бидат прилагодени во најголема можна мера на потребите, ќе бидат ангажирани лица за одржување на редот, се’ во насока за зачувување на здравјето и безбедноста и на вработените и на клиентите на Халкбанк АД Скопје.

Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција за извршување на Вашите потреби во периодот од 08:30 до 16:30 часот.


Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.