ПОРАКА ОД ГЛАВНИОТ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР

Почитувани акционери, ценети пријатели, драги колеги,

Резултатите од изминатите години недвосмислено ја потврдија нашата стратешка определба, а со успехот што го постигнавме го заслуживме епитетот најбрзо растечка банка. Сето тоа го постигнавме со посветена работа, со добро дефинирана стратегија и со фокус на зацртаните цели.

Така и во оваа година влегуваме со голем ентузијазам поттикнат од она што го постигнавме и очекувањата се дека 2020 ќе го потврди сето она за што се залагавме – поголеми резултати, задоволни акционери и среќни клиенти.

Вистинскиот поттик произлегува од фактот дека во 2019 година повторно постигнавме рекорден профит од 11.4 милиони евра. Забележавме пораст на активата за повеќе од 10 отсто, го зголемивме пазарното учество и во кредитирањето, а истата растечка тенденција е регистрирана и во делот депозити.

Во изминатата година создадовме повеќе нови производи и услуги и во делот на кредитирањето, а и во делот на депозитите. Со цел да станеме подостапни систематски ја проширувавме и ја зголемуваме деловната мрежа за да достигнеме до 42 филијали, а паралелно со тоа и бројот на вработени се искачи на 572. Зголемен е и бројот на банкомати на 133, а мрежата на ПОС терминали се зголеми над 7000.

Измината година покажа дека банкарскиот сектор на Северна Македонија е на здрави основи и е добро капитализиран. Според проекции на Народната Банка растот на депозитите ќе биде за 8,5 отсто, додека кредитниот раст се очекува да изнесува околу 8 проценти. Тоа за сите банки што работиме на овој пазар ни претставува ветер во грб.

Со овие мотиви и следната година ќе се движиме кон нови рекордни резултати.

Посветено работиме на граѓаните да им овозможиме квалитетни банкарски услуги и да ги увериме во веродостојна на нашите намери. Сето тоа го правиме придржувајќи се кон вредностите што се во основата на нашата банка. Со сите чекори што ги презедовме изминатата година, новите производи што ги пласиравме на пазарот како и активности во полето на корпоративната одговорност покажавме дека нашиот фокус се луѓето, дека секоја активност и чекор преземен од банката е дефиниран и предодреден од потребата на граѓаните, од нивните и барања и нивните неопходности.

Една од карактеристиките на Халкбанк со која си го заслуживме епитетот на банка предводник е тенденцијата да воведуваме технолошки промени и да ги користиме бенефитите на дигитализацијата.

Така, слоганот “важни се луѓето” како сублимирана порака на Халкбанк за сите активности од деловното работење или од корпоративната стратегија, останува актуелна и во период што следи. За Халкбанк луѓето секогаш ќе бидат важни, луѓето од Банката, нашите вработени, нашите акционери и нашите корисници, затоа што ние сме банка сконцентрирана на вистинските вредности.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.