Порака од претседателот на надзорниот одбор Осман Арслан

Почитувани,

Турбулентните времиња во кои се наоѓаме донесоа силни предизвици за економиите на глобално ниво. Годината зад нас беше полна со предизвици во која поради новата криза, овој пат економска, по еден долг период на олабавена монетарна политика, централните банки почна со затегање на монетарната политика како одговор за справување со инфлацијата и зачувување на монетарната стабилност.

Секако е важно да се нагласи дека и покрај исклучително комплексните услови не само минатата година, туку и претходните две кога светот беше зафатен со здравствената криза, банкарскиот сектор на Северна Македонија покажа дека е отпорен на кризи и дека претставува потпора на економијата и населението. За време на пандемијата, како и сега, во услови на енергетска криза и глобално висока инфлација, и натаму растат депозитите и кредитирањето и на корпоративниот и на секторот домаќинства. Овој тренд укажува на тоа дека довербата на граѓаните и на фирмите во банкарскиот сектор е на високо ниво. 

Халкбанк и изминатата година ја потврди својата позиција на силна банка и силен бренд чија мисија е да создава вредност за клиентите, акционерите и вработените преку ефикасно нудење на сите банкарски услуги, а со тоа да придонесува за развојот на банкарскиот сектор и пазарот на капитал. И во 2022 година, на задоволство на акционерите, Халкбанк повторно испорача одлични финансиски резултати. Но исто така, со понуда на нови производи и услуги уште еднаш покажа колку за нас се важни клиентите и нивните потреби.

Kако модерна финансиска институција, Халкбанк е и една од предводниците на прифаќањето и имплементацијата на нови технолошки и информатички трендови, обезбедувајќи им на клиентите најбрзи, најсовремени и најсигурни услуги. Таа денес е лидер во понуда на персонализирани банкарски услуги, како и во воведување нови технологии и обезбедување брза услуга преку високоразвиена, модерна платформа на алтернативни канали. Истовремено, со поддршката што ја дава на инвестициите и со помагање на поединци и бизниси да ги реализираат своите идеи и амбиции, таа се развива заедно со општеството, движејќи се заедно кон одржлив развој.

Но, со задоволство можам да кажам дека во Халкбанк  постои и висока свест за корпоративната општествена одговорност како нераскинлив дел од успешното работење. Одговорноста е една од нашите силни корпоративни вредности и важен принцип кој поттикнува еколошки, социјални и економски промени кои се основни постулати на одржливиот развој. Халкбанк е банка посветена на луѓето и тоа е во суштината на нашата идеологија, оперативност и општествена ангажираност. Верувам дека нашата политика на општествена одговорност придонесе во текот на годините на нашето присуство на македонскиот пазар да се развие нашата репутација и затоа денес сме признаени не само како доверлива банка, ориентирана кон клиенти, иновативна и растечка банка, туку и како општествено одговорна и еко-пријателска банка.

Во годината што е пред нас стратешки цели на Банката и натаму остануваат да бидат задржување на позицијата на една од водечките банки во секторот, остварување стабилен раст и одржливо ниво на профитабилност, притоа не заборавајќи ја општествената одговорност. Наши основни принципи по кои се водиме во сите сфери од банкарското работење остануваат да бидат развојот, растот, иновативноста, напредокот, многу работа и посветеност на за нас најважното - луѓето. Благодарение на овие принципи успеавме од Халкбанк да направиме успешна приказна која ќе продолжиме да ја градиме и развиваме и во наредниот период.

Во име на Надзорниот одбор, изразувам голема благодарност до сите оние кои се дел од тимот на Халкбанк.

Со почит,
Осман Арслан, претседател на надзорен одбор на Халкбанк АД Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња