Пристап кон одржливост

Со оглед на посредничката улога и влијанието врз другите индустрии, банките имаат исклучителна важност во постигнување на целите на одржлив развој, односно постигнување балансирана и одржлива иднина.

Кај нас во Халкбанк одржливоста е длабоко вкоренета во нашата корпоративна култура. Одржливоста отсекогаш била основен принцип за Банката и мерка за успех на компанијата и една од долгорочните цели за одржлив цврст раст и социјална благосостојба. Ние сме свесни дека усвојувањето на одржливи практики, без разлика дали се големи или мали, може да има значајни влијанија на долг рок.

Дополнително, се стремиме да станеме поодржлива компанија со максимизирање на позитивното влијание што го имаме врз сите засегнати страни. Ние додаваме не само финансиска вредност на општеството туку и вредност преку нашето работење и услугите со кои им овозможуваме на нашите клиенти да усвојат поодржливи деловни практики и да создадат поодржливи производи, технологии и услуги.

Нашата стратегија за одржливост е изградена врз четири столба: успешна компанија и професионална извонредност, луѓе, животна средина и заедница. Оваа стратегија ги води нашите амбиции и ни помага да додадеме одржлива вредност на општеството.

Успешноста на компанијата е секако важна не само од аспект на акционерите и вработените, туку и од аспект на клиентите и државата во целина. Успешното работење обезбедува доверба, стабилност и сигурност која се рефлектира и на корисниците на услугите и на целиот банкарски и финансиски систем во земјата. Токму затоа, Халкбанк настојува од година во година да испорачува извонредни финансиски резултати, а со тоа да расте и да ја зголемува својата вредност. За помалку од една деценија, како најбрзорастечка банка, Халкбанк успеа да стане четврта банка по големина во земјата и да влезе во групата системски важни банки.

Притоа, професионалната извонредност е основа на нашето работење, преку производите кои ги креираме, начинот на работа и односот на нашите вработени. Халкбанк како модерна финансиска институција е една од предводниците на прифаќањето и имплементацијата на нови технолошки и информатички трендови во своето работење, обезбедувајќи им на тој начин на клиентите најбрзи, најсовремени и најсигурни услуги. Ние промовираме, едуцираме и ја поддржуваме употребата на алтернативните канали за банкарско работење преку разни механизми. Удобноста, достапноста, ефикасноста и брзината при користењето на електронските и мобилните платформи се самите по себе доволни поттикнувачи за насочување на клиентите и кон дигиталното банкарство. Тоа истовремено е и пат кон постигнување на една од целите кон која треба да се стремиме, за „нула отпад“.

Во Халкбанк перманентно се негува и политика на посветеност кон клиентите. И тоа се препознава, од самите клиенти, но и пошироко. Веројатно и затоа реномираното списание Глобал Фајнанс ја прогласи Халкбанк за Најдобра банка за работа со население.

Нашиот слоган „Важни се луѓето” е всушност сублимирана порака на Халкбанк за сите активности од деловното работење и корпоративната стратегија. Ќе продолжиме со нашиот технолошки и оперативен развој на инфраструктура со нашите човечки ресурси преку постојана модернизација и обука, правејќи го рамномерниот раст насочен кон ефикасност за наша главна цел.

Халкбанк е општествено одговорна компанија која е посветена кон подобрување на условите во културата и спортот, зачувување на животната средина и воопшто кон зголемување на општото добро за луѓето. И токму затоа несебично помага во реализација на најразлични проекти од овие сфери. Посебен акцент во нашите активности имаат зелените практики, преку поддршка на компании со еколошки проекти како обновлива енергија, енергетска ефикасност, намалување отпад и други кои придонесуваат за заштита на природата, преку поддршка на ЕКО проекти за заедницата, но и директно со наши активности кои се одвиваат преку платформата HalkEco.

Нашата банка ќе продолжи и во иднина со своите активности во светло на заедничките принципи и ќе бидеме катализатор на промени кој ќе настојува да ја искористи својата моќ за заедно да го направиме светот подобро, поодржливо и позелено место.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња