ХАЛКБАНК А.Д.

ХАЛКБАНК А.Д. Скопје

ХАЛКБАНК е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар.

Како најбрзорастечка банка на пазарот, Халкбанк АД Скопје денес значи и:

  • Вработување за над 690 вработени.
  • Широка мрежа на банкомати од 163 банкомати.
  • Мрежа од 8.016 активни ПОС-терминали достапни кај бројни трговски партнери.
  • Опслужување на илјадници граѓани, како и мали, средни и корпоративни претпријатија и јавни институции.
  • Лидери во понуда на персонализирани банкарски услуги, како и во воведување на нови технологии и обезбедување на брза услуга преку високоразвиена, модерна платформа на алтернативни канали.
  • Општествено одговорна компанија која е посветена кон зголемување на општото добро за Луѓето, природата, средината, културата и спортот. 

Банката нуди широк асортиман на финансиски услуги, вклучувајќи персонално банкарство, кредитни картички, станбени кредити, потрошувачки кредити, штедење, бизнис кредити, како и платен промет во земјата и во странство.

МИСИЈА

Нашата мисија е да создаваме вредност за нашите клиенти, акционери и вработени преку ефикасно нудење на сите банкарски услуги; да бидеме свесни за нашата корпоративна општествена одговорност и должност; да придонесуваме за развојот на банкарскиот сектор и пазарот на капитал; како и да постигнеме почитувана позиција на пазарот во регионот.

ВИЗИЈА

Нашата визија е да бидеме водечка банка во регионот што е способна да ги изврши сите барања на универзалното банкарство додека афирмираме силно присуство во услугите во доменот за население.

НАШИТЕ КОРПОРАТИВНИ ВРЕДНОСТИ

  • Насоченост кон клиентите
  • Сигурност
  • Интегритет и почит
  • Правичност, доверба и транспарентност
  • Оперативна ефикасност
  • Иновативност
  • Создавање вредности
  • Продуктивност
  • Отвореност кон промени
  • Споделување на знаењето и искуството
  • Свесност за општествена одговорност 

ХАЛКБАНК – значење на името: Банка на луѓето
Наш слоган: Важни се луѓето

НАШИ ГЛАВНИ ПРИНЦИПИ

  • Да понудиме одлична услуга за наште клиенти, предложувајќи им ги најдобрите решенија за нивните потреби.
  • Да создаваме и да применуваме успешна корпоративна култура, давајќи му на значење на секој член од тимот кој го градиме.

ХАЛКБАНК Турција

ХАЛКБАНК Турција (Turkiye Halk Bankası A.Ş.)

Халкбанк е основана во 1938 година со цел поддршка на занаетчии, трговци и забрзување на економскиот развој, со што понатаму станува една од стабилно растечките, добро воспоставени, пионерски и реномирани брендови на Р.Турција.

Халкбанк е пионер во развојот на турскиот банкарски сектор 83 години, и ја продолжува својата мисија за поддршка на реалниот сектор во Р.Турција.

Банката на своите клиенти им нуди уникатно банкарско искуство со своите 1.017 филијали во земјата, 6 експозитури надвор од земјата, 1 дирекција, 3 странски претставништва, 4.016 банкомати и високо современите интернет и мобилно банкарство.

Во линија на своето значење на брендот, ги става луѓето – клиентите, трговците, земјоделците, сопствениците на мал, среден или голем бизнис и вработените пред се, истакнувајќи дека причината за нејзиното постоење е поддршката кон нив со финансиски можности, во добри и во лоши времиња.

Банката важи за лидер  на пазарот во поддршка за мали и средни претпријатија.

Халкбанк е и најголемиот поддржувач на економијата на Р.Турција и важи за еден од најуспешните и најсилни брендови на турскиот пазар.

www.halkbank.com.tr

Историја

  • 2021

    Во линија на активностите од општествено одговорен карактер, на 8 Септември 2021 година, во Маврово, се одржа и второто издание на Halk Velo Green велосипедската трка, која веќе преминува во традиција. Со средствата собрани од котизациите за учество во трката и под капата на HalkEco платформата, Халкбанк АД Скопје овозможи садење на 7.700 садници во Св. Николе. Преку еко-проектите на Банката, во текот на 2021 година вкупно се засадени над 15.000 дрвја.

    Во 2021 година, Банката се посвети на потребите на основните училишта, па во таа насока обезбеди донации за изградба на едно еко-инклузивно игралиште во Тетово, една сензорна градина во основно училиште во Охрид. Оваа година Халкбанк реализираше и уреден Halk Corner во градскиот парк на Гостивар. Во насока на придонес кон обезбедување квалитетен живот за секое дете, Халкбанк АД Скопје обезбеди средства и идејно решение за креирање на ,,Сликовницата на Халки”, чии средства од продажбата, Банката ги намени за донација во ,,СОС Детско Село”.

    Прогласена како ,,Најдобар финансиски бренд во државата, за 2021 година” од списанието “Global Brands Magazine”.

  • 2020

    Прва банка во државата која донесе одлука за одлагање на отплатата на сите кредитни обврски (кредити, кредитни картички и дозволени пречекорувања на трансакциска сметка) за период од 6 месеци.

    Со цел намалување на посети на филијали за време на пандемија за Физичките лица, клиенти на Халкбанк, овозможи да ги вршат бесплатно и без провизија сите трансакции во денари преку услугите e-banking и m-banking.

    На 8 Септември 2020 година во Маврово за прв пат се одржи хронометар велосипедска трка HALK VELO GREEN во организација на Халкбанк АД Скопје во знакот на тенденцијата на Банката да промовира здрави животни навики кај населението и придонесување кон зачувување на животната средина, за што сведочи и HalkEco платформата преку која и Халкбанк брои над 17.000 донирани садници низ македонските градови во тек на 2020 година, реновирање на пешачките мостови во градскиот парк во Скопје и изграден нов парк Халк Корнер во Лептокарија, Општина Карпош.

    Прогласена како “Најдобра Банка за Население во Македонија во 2020 година” од водечкото светско списание “Global Banking & Finance Review”.

  • 2019

    Награда за придонес во развојот на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа „Креатори на векот“ за 2018 година.

    Награда од магазинот Story за општествено одговорна компанија.

    Прогласена за “Супер бренд” за 2019 година.

    Лансирана апликација HalkEco која има за цел да ја подигне ЕКО свеста кај луѓето, мотивирајќи ги луѓето да одржуваат здрави животни навики и и да придонесат за зачувување на животната средина, притоа добивајќи подароци, други бенефиции и можности за засадување нови зелени површини. Како дел од овој проект, банката засади над 6.500 дрвја низ целата земја.

  • 2018

    Нов корпоративен слоган.

    Официјален спонзор на Националната ракометна федерација

    Халкбанк АД Скопје купи осигурителна компанија - Халк Осигурување Скопје

  • 2017

    Прогласена како “Најдобра Банка за МСП во Македонија во 2017 година” од водечкото светско списание “Global Banking & Finance Review”.

    Халкбанк АД Скопје е избрана за Superbrand во Македонија за 2017/18 година од страна на Меѓународната организација “Superbrands”.

  • 2016

    Рангирана меѓу најдобрите 100 Банки од Југоисточна Европа по актива.

    Лансирање на мобилни апликации за електронско банкарство за физички и правни лица, правејќи уште еден чекор напред кон подобрување на корисничкото искуство.

    Сертифицирана според меѓународниот стандард од највисок ранг за безбедност на информации во врска со обработката на платежните картички PCI DSS v3.1.

    Во Декември 2016 година, имплементирање на највисоките стандарди за безбедност и сигурност при плаќањата преку интернет во земјата и во странство, 3D Secure – Verified by Visa – VbV, и MC Secure Code Protocol.

  • 2015

    Воведување на нова платформа за електронско банкарство што го комбинира најдоброто од технологијата и современите банкарски трендови и им овозможува на клиентите да ги добијат сите банкарски услуги со само неколку кликнувања.

  • 2014

    Генерален спонзор на Македонската Кошаркарска Федерација.

  • 2013

    Отворање на првото македонско банкарско претставништво во Белград, Србија и за прв пат лансирање на Mastercard PayPass картичките за бесконтактно плакање.

  • 2012

    Спојување со Зираат Банка АД Скопје и отварање на првата VIP Корпоративна филијала на македонскиот пазар.

  • 2011

    ХАЛКБАНК го купува мнозинството на акции од ИК Банка во висина од 91,6%; комплетирање на ребрендинг процесот и зголемување на капиталот на Банката.

  • 2009

    Релокација на Централата на ХАЛКБАНК АД Скопје во една од најдобрите деловни згради во Македонија; прва банка која нуди е-трговија за корисниците на VISA картички.

  • 2008

    Имплементирање на сопствена мрежа на ПОС Терминали за Visa платежни картички и лансирање на VISA GOLD кредитната картичка.

  • 2007

    Наградена за Најдобра Банка во Македонија од страна на “Finance Central Europe” магазинот од Лондон.

  • 2006

    Имплементирање на ISO Standard for Information Security Management ISO 27001:2005, станувајќи една од неколкуте Банки во Југоисточна Европа сертифицирана за истово.

  • 2005

    Имплементирање на International Quality Management System EN ISO 9001:2000, станува прва банка сертифицирана за International Quality Management.

  • 2004

    Првенец во имплементирање на електронско банкарство и прогласена за Банка на годината од страна на Стопанска Комора на Р.Македонија.

  • 1998

    Прв официјален Western Union претставник.

  • 1993

    Халкбанк АД Скопје е основана како акционерско друштво.

Кодекс

Кодекс за корпоративно управување

Кодекс за корпоративно управување на Халкбанк АД, Скопје. (.pdf формат)

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња