Општи информации

Општи информации

Халкбанк АД Скопје нуди кредит со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување за физички лица. Хипотекарниот кредит можете да го користите како долгорочен ненаменски кредит за сите ваши потреби како и  за ликвидирање на целата ваша кредитната изложеност или изложеноста на друго лице од вашата фамилија.

Пакетот полиса за осигурување издадена од Халк Осигурување АД Скопје овозможува заштита на Вашиот имот од последица на нереќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

Пакетот полиса за осигурување наменет за осигурувањe на потрошувачки и хипоптекарни и станбени кредити  од  ХАЛКБАНК претставува една целина, а ги содржи следните покритија и опфатени ризици:

  • НЕМОЖНОСТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА КРЕДИТИ – смрт од било која причина ,смрт од незгода
  • ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА – траен инвалидитет над 30%

Халкбанк АД Скопје е лиценциран застапник за продавање на полиси за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје.

Предности

Предности

Кредитот кој го нуди Халкбанк АД Скопје е со поволна каматна стапка, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот, како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Услови за кредит

Услови за кредит

  • Износ: до 140.000 ЕУР
  • Максимален рок: до 300 месеци 
  • Кредитна способност: согласно месечните примања
  • Каматна стапка:
    • 3,5% фиксна каматна стапка за првите 3 месеци,
    • 4,00 процентни поени  + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор за остатокот од периодот. (СВТ 4,04%)*
  • Провизија за обработка на кредитот: 0%
  • Трошоци за кредитот:
    • 350 мкд  - проверка во Кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања).
    • 150 мкд - апликација за кредит,
    • Висината на трошокот на пакетот полиса за осигурување е во зависност од тарифата на Халк Осигурување АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата се плаќа секоја година во времетрање на кредитот.
  • Надомест за предвремена отплата на кредит:
    За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата
    Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит.
    Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката.
    Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист.
  • Обезбедување: 
    • Хипотека на недвижен имот во вредност до 1:1,3, меница и менична изјава.
    • Пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување

* 4,04% СВТ за износ на кредит од 50.000еур, каматна стапка 3,5% фиксна каматна стапка за првите 3 месеци, променлива од 4 пп + 6месечен еурибор за остаток од периодот, рок на отплата 95 месеци, трошок за апликација од 150 МКД и трошок за проверка во МКБ 350 МКД

***Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и  висината на договорната каматна стапка.

****Во искажаните примери пакетот полиса не е влезен во пресметката за СВТ

Често поставувани прашања

Често поставувани прашања

Постои ли можност за кокредитобарател кај хипотекарниот кредит?

Постои можност да се вклучи кокредитобарател кој треба да биде во редовен работен однос во ЈА, АД или финансискa институција, или приватна компанија што е прифатлива за Халк банка АД Скопје.

Колкава е сумата на полисата?

Висината на трошокот на пакет полисата за осигурување е во зависност од тарифата на Халк Осигурување АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата се плаќа секоја година во времетраење на кредитот.

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.