е-банкарство
Вести
08.02.2014
26.11.2013
22.05.2013

   Архива на вести

е-банкарство
 

 

 

Е-БАНКАРСТВО

НОВИ МОЖНОСТИ СО ЕЛЕКТРОНСКОТО БАНКАРСТВО

ХАЛКБАНК АД Скопје, Ви нуди, едноставен начин за пристап до вашата денарска трансакциска сметка преку интернет, со што можете во секое време и од било која локација да ја следите состојбата и движењата на вашата сметка.
Електронското Банкарство на ХАЛКБАНК АД Скопје ви нуди:

  • Архива на изводи од отворањето на денарсктата трансакциска сметка
  • Преглед на дневните трансакции
  • Преглед на реализирани налози и нивно групирање по различни критериуми заради правење на анализи според вашите потреби
  • Внес, потпишување и процесирање на сите видови безготовински налози – ПП30, ПП50, ПП53
  • Креирање на шаблони за плаќања

За да биде уште подобара услугата, Банката го разви својот сервис до степен, да можете да манипулирате со привилегиите во зависност од вашите определби. Тоа подразбира, да овластите лица кои само ќе имаат увид во сосотојбата и во плаќања или пак лица кои ќе имаат привилегии за креирање на налози, без можност за нивно потпишување. Покрај овие основни ограничувања во согласност на вашите определби, Електронското Банкарство на ХАЛКБАНК АД Скопје ви нуди можност и за делегирање на привилегии за колективно потпишување на налозите од електронско Банкарство или пак привилегии за потпишување ограничено до одредени износи. Ова се само дел од можноситте во креирањето на совршен сервис за вашите потреби.
Од Октомври 2009 година, сервисот Е-Банкарство беше збогатен со уште една нова функционалност за клиентите физички и правни лица, кои поседуваат кредитна картичка. Оваа функционалност подразбира:

  • Увид во состојбата (расположливото салдо), на кредитната картичка
  • Преглед на прометот на картичката, сите конечно реализирани трансакции, во период одреден од клиентот
  • Преглед на месечни извештаи(фактури за кредитни картички) и можност за печатење на истите

Веќе во месец Март 2010 година, беше пуштена и функционалноста за следење на состојбата на девизната трансакциска сметка за правни лица, која во Август .2010 година беше проширена и на вршење плаќања преку девизна сметка:

  • Увид во девизна сметка
  • Преглед на налози
  • Печатење на изводи
  • Креирање, потпишување и процесирање на налози

Сето ова е доказ за непрекинатиот процес на развој на сервисот за Е-Банкарство, со што Банката континуирано развива нови решенија за усовршување и збогатување на функционалностите на овој сервис.

За да го докаже ова веќе од Јануари 2011 година, електронското банкарство на ХАЛКБАНК АД Скопје е проширено за дополнителни функционалности:

  • Увид во кредити за физички и правни лица
  • Увид во депозити за физички лица
  • Увид во девизни сметки за физички лица

Како уште една причина повеќе, за да го користите електронското банкарство на ХАЛКБАНК АД Скопје е и тарифата за работење во платен промет преку електронско банкарство за физички и за правни лица која е поповолно од сите останати, па дури и од нашата провизија за работа во платен промет преку шалтер.

Сите останати потребни информации за работењето со електронското Банкарство ги имате во детално упатство кое ќе ќе ви биде достапно во било кое време преку апликацијата за електронско банкарство во делот ПОМОШ.

За сите отворени прашања во врска со овој сервис можете да се обратите во Дирекцијата за Платен Промет на следната е-маил адреса:
platenpromet@halkbank.mk

16.04.2014
eurкуповен 61,35среден 61,69продажен 61,80usdкуповен 44,00среден 44,69продажен 45,30chfкуповен 50,15среден 50,72продажен 51,30gbpкуповен 74,00среден 74,76продажен 75,30sekкуповен 6,65среден 6,79продажен 6,90nokкуповен 7,30среден 7,50продажен 7,65jpyкуповен 43,00среден 43,87продажен 44,80dkkкуповен 8,10среден 8,26продажен 8,40cadкуповен 40,00среден 40,66продажен 41,20audкуповен 41,20среден 41,97продажен 42,40