Карактеристики

Карактеристики

Брзо, едноставно и лесно плаќање со вашиот часовник Garmin!

GarminPay е создаден за луѓе што секогаш се во движење.

Живеете динамично, постојано сте во движење, спортувате и обожавате да шетате во парк-тогаш Garmin Pay е вашето модерно решение за бесконтактно плаќање.


Што е Garmin Pay?

Garmin Pay е нова опција  и современо решение за бесконтактно плаќање.

Без разлика дали сакате да платите за вашата вода по утринско џогирање, кафе со вашите пријатели или шопинг за целото семејство, повеќе не ви треба паричник, бидејќи со Garmin Pay плаќате брзо, лесно, без допир само со приближување на вашиот паметен часовник Garmin до уредот за плаќање.

Преку апликацијата Garmin Connect може да ги дигитализирате вашите картички Mastercard издадени од Халкбанк АД Скопjе и да го активирате Garmin Pay.

Со успешно дигитализирање на картичките, ви овозможува да направите брзо и едноставно плаќање користејќи го единствено вашиот часовник Garmin.

Корисникот на платежната картичка ја презема мобилната апликација Garmin Connect од „GooglePlay Store“ на мобилен уред со оперативен систем „Андроид“ или од ‘’App Store’’ за мобилен уред со оперативен систем iOS

Апликација

Апликација

Преку апликацијата Garmin Connect може да ги дигитализирате вашите дебитни и/или  кредитни картички Mastercard (Mastercard Debit Contactless, Mastercard Contactless, Mastercard World )издадени од Халкбанк АД Скопjе и да го активирате Garmin Pay.

Со успешно дигитализирање на картичките, ви овозможува да направите брзо и едноставно плаќање користејќи го единствено вашиот часовник Garmin.

Преземање на апликација

За успешно да ја регистирате вашата платежна дебитна и/или кредитна картичка во апликацијата Garmin Connect  потрбно е прво да ја преземете мобилната апликација Garmin Connect од „GooglePlay Store“ за мобилен уред со оперативен систем „Андроид“ или од ‘’App Store’’ за мобилен уред со оперативен систем iOS.

  1. 1. Инсталирајте ја  апликацијата на вашиот мобилен уред

  2. 2. Одберете ја вашата земја и потребните податоци за регионот

  3. 3. Внесете ги податоците за вашата платежна картичка (Mastercard Debit Contactless, Mastercard Contactless, Mastercard World)

    *Ако вашата картичка е предмет на дигитализација, апликацијата ќе ве замоли да се согласите со тековните правила и  услови за користење.

    Правила и услови GarminPay.

    Следете ги чекорите на апликацијата со додавање на деталите за вашата картичка и избирање на ПИН-код што ќе го користите за плаќање со Garmin Pay.

    Потврдете ја регистрацијата на картичката со еднократна лозинка испратена до вас преку СМС и почекајте да се активира.

  4. 4. Откако ќе се активира дигитализираната картичка, таа ќе биде видлива во вашиот дигитален паричник во часовникот Garmin.


    Можете лесно да управувате со вашиот дигитален паричник  или динамично да управувате со сите ваши картички регистрирани во паричникот, избирајќи дали да ги активирате или деактивирате.

  5. 5. Можете брзо да пристапите до дигиталниот паричник на вашиот паметен часовник со притискање на главното странично копче или со допир на иконата на екранот.

    Првиот пат кога ќе се најавите на дигиталниот паричник во вашиот часовник, од вас ќе биде побарана еднократната 4 цифрена лозинка внесена за време на инсталацијата. 


    *Внесување на лозинката е потребно при секое повторно користење на часовникот за плаќање по негово одстранување од раката или еднаш во рок од 24 часа додека е на вашата рака.


1.       Внесете ги податоците за вашата платежна картичка (Mastercard Debit Contactless, Mastercard Contactless, Mastercard World)

*Ако вашата картичка е предмет на дигитализација, апликацијата ќе ве замоли да се согласите со тековните правила и  услови за користење.

Плаќање

Плаќање со Garmin Pay

На секој ПОС-терминал што поддржува бесконтактно плаќање може да правите плаќања со вашиот Garmin часовник.

Брз и лесен начин на користење.

Внесете ја вашата лозинка, изберете ја картичката со која сакате да направите плаќање и потоа држете го вашиот часовник близу уредот ПОС терминалот за плаќање.

*Ако веќе сте ја внеле лозинката, можете да платите веднаш со последната картичка што сте ја користеле.  Ако сакате да ја смените платежната картичка, можете да изберете нова со притискање на копчето или со влечење на екранот. 

Прашања

Прашања

Што е Garmin Pay?

Garmin Pay е нова опција за бесконтактно плаќање. со Garmin Pay плаќате брзо, лесно и погодно само со приближување на вашиот паметен часовник Garmin до уредот за плаќање


Што е потребно за плаќање со Garmin Pay?

1.Да поседувате паметен часовник Garmin со функционалност на Garmin Pay

2. Да користите дебитна или кредитна картичка (Mastercard Debit Contactless, Mastercard Contactless, Mastercard World) издадена од Халкбанк АД Скопје

3.Да ја регистрирате вашата банкарска картичка во апликацијата Garmin Connect .


Како да добијам повеќе информации за часовниците Garmin и Garmin Pay ?

Повеќе информации за техничките спецификации може да добиете преку апликацијата Garmin Connect, Garmin Pay и  часовниците Garmin можете да ги проверите однапред на www.garmin.com, www.garmin.mk .


Каде може да користите Garmin Pay?

На секој ПОС-терминал што поддржува бесконтактно плаќање може да правите плаќања со вашиот Garmin часовник


Дали се безбедни моите податоци од платежната картичка?

Garmin сериозно ја сфаќа безбедноста на вашите информации за плаќање. Затоа Garmin Pay ве штити со користење на токени, заменски броеви наместо реалните броеви на картичката и кодови на трансакции секој пат кога ќе купувате. Бројот и податоците за  вашата картичка  сe безбедни и може да плаќате со доверба.

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ
КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.