Порака од главниот извршен директор

Ценети стејкхолдери,

Одржливоста и заштитата на климата не се само глобални мега-трендови, туку и едни од најголемите предизвици на нашето време. Посветеноста кон одржливост не е нова во банкарскиот сектор. Напротив. Банкарството е еден од најактивните сектори насочени кон одржливоста, чија важност стана особено евидентна со светската економска криза. Но, не само поради тој аспект, туку и поради фактот што банките имаат важна улога во економиите и во секојдневниот живот на населението, поради што можат да бидат моќни агенти на промени. Токму затоа во рамките на банкарската индустрија постои широк консензус дека е важно да се постават вистински цели и да се трасира пат кон одржлива иднина.

Ние во Халкбанк сериозно веруваме дека банкарскиот сектор може да придонесе директно и индиректно за постигнување на целите на ООН за одржлив развој - најамбициозната глобална агенда досега за спроведување на одржливост. Затоа и поставивме цели со кои што успешно го трасираме нашиот пат кон одржливост. Во текот на годините на нашето присуство на македонскиот пазар се развиваше нашата репутација и денес сме призната како доверлива банка, ориентирана кон клиенти, иновативна, растечка банка, како и општествено одговорна и еко-пријателска банка. Нашите цели и нашите резултати ги преточивме во овој Извештај за одржливост, пат по кој ќе продолжиме да чекориме и во иднина.

Нашата глобална деловна стратегија е да работиме со партнерите, да ги правиме нашите операции поодржливи, да воведуваме иновативни производи и решенија, да ги поддржуваме  вработените, да управуваме со ризици и со нашите активности, сé во интерес на сите заинтересирани страни - клиентите, вработените, општеството и акционерите, придонесувајќи на тој начин за економската и социјалната благосостојба на нашата земја, на нашите граѓани и за создавањето одржлив свет.

Ние ја разбираме одржливоста како одговорност на компанијата за долгорочни, економски позитивни резултати и поддршка во создавање општествени и еколошки квалитативни промени. Позитивните економски резултати ги испорачуваме секоја година. Халкбанк благодарение на начинот на работа е најбрзорастечка банка во Северна Македонија која успеа да стане четврта најголема банка во земјава, со актива од 965 милиони евра и да влезе во категоријата системски значајни банки. Денес, таа е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар.

Водејќи се со идејата дека за да растеме како банка мораме да водиме грижа за своите клиенти, за нивните потреби и желби, постојано настојуваме да креираме производи по мерка на корисниците. Но, истовремено сме и промотори на воведување нови технологии создавајќи на тој начин бенефит и за корисниците и за државата во целина. Сметам дека токму поради ваквата стратегија, од година во година бележиме огромен пораст во сите сегменти.

Она што особено нѐ прави горди е фактот дека сме препознаени како ЕКО ориентирана компанија која низ годините на своето постоење применува бројни ЕКО политики. Халкбанк е прва еко банка во државата, а доказ за тоа е и нашиот ХалкЕко амблем кој асоцира на зелено дрво, тркачка патека и еко отпечаток. Нашата банка е партнер кој посветено работи на поголема енергетска ефикасност и подобра животна средина. Во оваа насока имаме направено многу и од денешен аспект сме особено горди на овие резултати кои се одраз на нашата искрена желба да придонесеме за здрава животна средина. Тука мислам на ЕКО продуктите кои се наменети за поддршка на ЕКО оправдани инвестиции, насоченоста кон дигитализацијата и зелените површини во нашите премиси.

Халкбанк постојано поддржува проекти кои придонесуваат за намалување на емисија на јаглерод диоксид и заштеда на енергија. Во последните 8 години, Банката има финансирано повеќе од 6.000 вакви проекти во износ од 36,6 милиони евра. Досега, намалената емисијата на јаглероден диоксид е за 37 илјади тони годишно, а со истите проекти се заштедени 130.000 MW/h електрична енергија. Уште еден чекор кон нашата ЕКО свесност е и апликацијата HalkEco која веќе прерасна во платформа преку која даваме поддршка на најразлични активности кои се во насока на поттикнување здрави животни навики и заштита на животната средина.

Нашите стратешки цели и во наредниот период ќе бидат задржување на позицијата на една од водечките банки во секторот, остварување стабилен раст и одржливо ниво на профитабилност како пат кон одржливо банкарство и општествено одговорна акција за постигнување позелен свет и одржлива иднина.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.