Предвремено раскинување
При предвремено раскинување на договорот на депозитот се пресметува камата по видување според тарифата на Банката, за целото време во кое средствата биле орочени. При тоа, депонентот е должен да ја врати на Банката разликата меѓу исплатената и новопресметаната камата или Банката истата ќе ја одбие од основниот влог. Промените на депозитите можеш во секое време да ги следиш преку електронско банкарство.