ХАЛК МОБИ ПОС
НОВА ДИМЕНЗИЈА НА МОБИЛНО
ПЛАЌАЊЕ ВО ВАШИОТ БИЗНИС
Халк Моби ПОС е иновативно решение кое овозможува вашиот Android паметен телефон да функционира како пренослив ПОС терминал за извршување на бесконтактни плаќања. Со користење на вградената NFC технологијата, вашиот мобилен уред или таблет станува сигурна платформа за брзи и безбедни платежни трансакции.
Аликацијата е компатибилна со сите Android уреди кои поддржуваат NFC и овозможува плаќања со Mastercard и Visa картички, како и од други бесконтактни уреди – мобилен телефон, паметен часовник, прстен, алка, привезок и слично.
Начинот на плаќање е идентичен со класичниот ПОС терминал, но сите плаќања се исклучиво бесконтактни, што го прави процесот побрз и поедноставен.
Апликацијата е сертифицирана според меѓународните PCI DSS безбедносни стандарди, што гарантира високо ниво на заштеда на податоците и сигурност при секоја трансакција.
Одберете го Халк Моби ПОС и внесете нова димензија на мобилно плаќање во вашиот бизнис – едноставно, брзо и доверливо.