Карактеристики

Акредитив (L/C) е безбеден платен инструмент и обезбедува висока заштита на увозникот / купувачот, како и на извозникот / продавачот.

Акредитивот е флексибилен инструмент за плаќање, нуди можност за намалување на ризикот помеѓу партнерите и истиот може да се приспособува на барањата на договорените страни во зависност на нивните потреби.

Акредитив (L/C) во исто време претставува инструмент за обезбедување и инструмент за плаќање. Акредитивот се користи во меѓународната трговија при што Банката, во согласност со барањата и инструкциите на својот клиент (увозникот), превзема одговорност за плаќање на извозникот, врз основа на презентирана документација согласно акредитивните услови и во определен рок.
Овој инструмент е меѓународно регулиран со општоприфатените Еднообразни правила за акредитиви (UCP) Revision 2007, Publication 600 issued by ICC in Paris.
Халкбанк АД Скопје нуди можност за користење на акредитиви под многу конкурентни тарифи во зависност од понуденото обезбедување од страна на клиентите.

За дополнителни информации контактирајте не или посетете ја Вашата најблиска филијала/експозитура.

Слични кредити
за вашите потреби