Карактеристики

Банкарската гаранција е инструмент за обезбедување на плаќањето и претставува неотповиклива обврска на Банката да плати одредена сума пари, но не повеќе од износот на гараницијата, во случај на неизвршување на обврските наведени во гаранцијата, од страна на налогодавачот. Банката издава девизна гаранција во корист на корисникот на барање на клиентот и ќе изврши плаќање кога корисникот ќе поднесе барање за наплата до Банката, во пропишаниот рок и кога условите на гаранција се исполнети.

Банката ги опслужува своите клиенти зависно од нивните барања, а во согласност со важечката законска регулатива и меѓународните правила.
При отворењето на гаранцијата од страна на Банката во корист на корисникот се праќаат автентични swift пораки, со цел да се гарантира валидноста на пораката.
Халкбанк АД Скопје нуди можност за користење на повеќе видови банкарски гаранции и делува како Ваш партнер со долгогодишно искуство во документарното работење, обезбедувајќи високопрофесионални и наменски решенија.
Овој инструмент е меѓународно регулиран со општоприфатените Еднообразни правила за гаранции на повик односно ICC Uniform Rules For Demand Guarantees, 2010 Revision, ICC Publication No. 758 issued by ICC in Paris.

За дополнителни информации контактирајте не или посетете ја Вашата најблиска филијала/експозитура.

Слични кредити
за вашите потреби