СЕПА систем на плаќање (Single Euro Payments Area)
SEPA претставува иницијатива на Европската Унија за поедноставување и интеграција на плаќањата во евра во рамките на европскиот платен простор. Целта е трансакциите во евра да бидат побрзи, поевтини и поефикасни.
Улога на Халкбанк
Халкбанк АД Скопје е индиректен учесник во SEPA системот преку склучен договор за користење на пан-европскиот клириншки систем STEP2 за извршување на SEPA трансакциите.
Предности на SEPA плаќањата:
- Се извршуваат исклучиво во евра
- Се извршуваат истиот или најдоцна наредниот работен ден (Д+0/ Д+1) од приемот на налогот
- Се брзи, безбедни и со пониски трошоци во споредба со стандардните прекугранични трансфери
- SHA трошоци – секоја страна го плаќа надоместокот само кон својата банка
- Примателот го добива целосниот износ, без одбиток
Фиксни провизии
Без разлика на износот, се применуваат единствени најповолни тарифи:
| Тип на трансакција |
Надоместок |
| SEPA плаќање |
250,00 денари |
| SEPA прилив |
200,00 денари |
Како да користите SEPA?
За правилно извршување на SEPA налогот потребно е да имате:
- IBAN сметка на примателот
- BIC (SWIFT) код на банката на примателот
- Назнака SEPA/ SHA во налогот
- Валута EUR
Повеќе информации и SEPA плаќањата можете да добиете во најблиската Филијала/експозитура на Халкбанк.