Е-банкарство

Електронското банкарство за правни лица Ви нуди поголема слобода и флексибилност за Вас и Вашиот бизнис при користењето на банкарски услуги.
Со електронското банкарство Ви е овозможено лесно и безбедно вршење на трансакции и ефикасно менаџирање на Вашите сметки, финансии и останати банкарски производи 24/7.

Предности

Проверка на состојбите на Вашите сметки, кредитни картички, депозити, кредити

Изводи од Вашите сметки - превземање на .PDF извод преку платформата

ПП30/ПП50 во .PDF формат -Преземање на потврди за плаќања

Дневни трансакции

Реализирани трансакции за одреден период

Сите типови на плаќања - денарски, девизни како и креирање на шаблони
Превземање на амортизационен план од кредитот во PDF форма

Можност за проверка на прометот на денарски и девизни депозити

Инструкции за извршување на девизни плаќања
Брзи плаќања- Автоматско прикажување на најчесто користените шаблони

Каматни листи на депозит

Сите останати работи кои би ги направиле во Банка

Мобилно банкарство

Мобилното банкарство за правни лица ви нуди поголема слобода и флексибилност за вас и вашиот бизнис при користењето на банкарски услуги.

Со мобилното банкарство ви е овозможено лесно и безбедно вршење на трансакции од било каде и во било кое време, како и ефикасно менаџирање на вашите сметки, финансии и останати банкарски производи 24/7.

Предности

Увид во сметки

Увид во платежни картички

Изводи од Вашите сметки - превземање на .PDF извод преку платформата

ПП30/ПП50 во .PDF формат -Преземање на потврди за плаќања

Преглед на налози на чекање

Преглед на пратени налози

Курсна листа

Извршување на плаќање преку користење на ПП30 и ПП50 шаблони (претходно пријавени во најблиската филијала)

Лоцирање на најблиски банкомати и филијали

Промена на лозинка

Превземање на амортизационен план за кредитот во PDF форма

Инструкции за извршување на девизни плаќања

Можност за проверка на прометот на денарски и девизни депозити

Каматни листи на депозит кај правни лица

дознај повеќе
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Како може да аплицирам за е-банкарство за правни лица?

Потребно е да ја посетите најблиската филијала на Халкбанк и да аплицирате за електронско банкарство за правни лица, преку пополнување на формулар. Се доставува посебен формулар во кој одбирате најава со ЛИБ, најава со токен или поврзување на КИБС или Телеком сертификат, како и потребни привилегии за секоја сметка и за секоја фирма за кои е потребен пристап. Формуларот е достапен и на веб страната на Халкбанк АД Скопје, на следниот линк од каде можете да го превземете и пополните, а потоа да го доставите лично во најблиската филијала. Доколку Вие не сте овластено лице во фирмата, потребно е да обезбедите полномошно од овластено лице. По аплицирањето во филијала и потпишување на договор, ќе Ви биде испратен ЛИБ код на емаил адреса најдоцна до утрешниот ден или ќе Ви биде изработен токен со соодветен ПИН код во текот на неколку работни дена. Подетално упатство се наоѓа на следниов линк

Каква документација е потребна?

Барање за користење на електронско банкарство за правни лица.

Договор за користење на електронско банкарство за правни лица.

Потврда за примопредавање на токен (доколку аплицирал за токен)

Дали при најава со ЛИБ можам да ги имам сите привилегии?

Да. При користење на сервисот електронско банкарство за правни лица можете да ги имате сите привилегии (увид, креирање и плаќање), независно од начинот на најава.