Без трошоци

за обработка

Поволни каматни

стапки

Флексибилни опции за

животно осигурување

Општи услови

Стани сопственик на твојот дом од соништата со Станбениот кредит од Халкбанк АД Скопје

Износ до 400.000 ЕУР
Максимален рок до 360 месеци
Грејс период до 12 месеци
Каматна стапка

3% фиксна каматна стапка за првите 5 години или 3,2% фиксна каматна стапка за првите 10 години,

За остатокот од периодот 2,5 процентни поени + променлива стапка на 6 месечен Еурибор кој во моментот изнесува 2,519% (5,019%), не пониско од 4,5%

Доколку 6 месечниот ЕУРИБОР е со негативна стапка,истиот се пресметува еднаков на 0.

Провизија за обработка на кредитот: Без надомест за обработка
Кредитна способност: до 45% од месечни примања (со можност за кокредитобаратели)
Обезбедување: Хипотека на недвижен имот, меница и менична изјава.

За приматели на плата во Халкбанк АД Скопје или лица кои ќе ја префрлат платата во Халкбанк АД Скопје.

Трошоци за кредитот

  • 450 мкд - проверка во Кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања)
  • 500 мкд - апликација за кредит
  • Трошок за полиса за животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје со можност за еднократна и месечна уплата на премија за животно осигурување (висината на трошокот за полисата е во зависност од тарифата на Триглав Осигурување- живот АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот) 

На 01.01 од секоја година, Банката ќе врши утврдување на висината на варијабилната каматната стапка како збир од која била важечката стапка на 6 месечен Еурибор на 01.12 од претходната година зголемен за процентни поени.

На 01.07 од секоја година, Банката ќе врши утврдување на висината на варијабилната каматната стапка како збир од која била важечката стапка на 6 месечен Еурибор на 01.06 од тековната година зголемен за процентни поени.

Опции за животно
осигурување

Ризико осигурување на живот на корисници на кредит со еднократна уплата на премија

  • Висината на премијата се утврдува на база на висината на издадениот кредит и возраста на корисникот на кредитот, во согласност со тарифата на осигурувачот Триглав Осигурување Живот АД Скопје .
  • Осигурената сума може да биде од 60% до 100% од висината на исплатениот станбен кредит и опаѓа годишно, согласно амортизациониот план на кредитот.
  • На барање на клиентот во полисата може да биде вклучено уште едно лице кое е поврзано со кредитот како гарант / жирант / кокредитобарател.
  • Минимум учество за кредит 10%.

Ризико осигурување на живот на корисници на кредит со месечна уплата на премија

  • Висината на премијата се утврдува на база на висината на издадениот кредит и возраста на корисникот на кредитот, во согласност со тарифата на осигурувачот Триглав Осигурување Живот АД Скопје .
  • Осигурената сума може да биде од 60% до 100% од висината на исплатениот станбен кредит и опаѓа годишно, согласно амортизациониот план на кредитот.
  • На барање на клиентот во полисата може да биде вклучено уште едно лице кое е поврзано со кредитот како гарант / жирант / кокредитобарател. Минимум учество за кредит 10%.

Осигурување на живот со фиксна осигурена сума во случај на смрт со 30% поврат на платената премија на истек на полисата

  • Осигурената сума може да биде еднаква или до 60% од висината на исплатениот станбен кредит и е фиксна за целовреметраење на кредитот. При доживување и исплата на станбениот кредит, клиентот добива поврат на средства во износ од 30% од уплатената премија.
  • Месечно плаќање на премијата, осигурувањето започнува да важи од првата уплатена рата;
  • Во случај на смрт на осигуреникот за времетраење на осигурувањето, осигурувачот се обврзува на Банката да и ја исплати осигурената сума за случај на смрт без разлика на бројот на уплатени рати.
  • Минимум учество за кредит 15%

Осигурување на живот со штедење со двојна осигурена сума во случај на смрт за кредити со рок на отплата до 25 години

  • Осигурената сума може да биде еднаква или до 60% од висината на исплатениот станбен кредит и е фиксна во целовреметраење на кредитот, а при доживување и исплата на кредитот, клиентот добива поврат во износ од 50% од осигурената сума.
  • Месечно плаќање на премијата, осигурувањето започнува да важи од првата уплатена рата;
  • Во случај на смрт на осигуреникот, за времетраење на осигурувањето, осигурувачот се обврзува на Банката да и ја исплати осигурената сума за случај на смрт без разлика на бројот на уплатени рати.
  • Минимум учество за кредит 15%
  • Обезбедување: Хипотека на недвижен имот, меница и менична изјава.
  • Надомест за предвремена отплата на кредит: За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата. Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит. Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката. Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист.

* 3,97% СВТ за износ на кредит од 75.000 еур, каматна стапка 3,2% фиксна за првите 10 години , 5,019% варијабилна за остаток од период, рок на отплата 360 месеци, трошок за апликација од 500 МКД, трошок за проверка во МКБ 450 МКД.

*Во искажаниот пример за СВТ полисата за животно осигурување не е влезена во пресметката.

* Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ , висината на договорната каматна стапка и износот на полисата.

Слични кредити
за вашите потреби