Информации
Депозитите се осигурени во Фондот за осигурување на депозити согласно важечките услови на Фондот за осигурување на депозити.
Висина на обесштетувањето
Фондот за осигурување на депозити во случај на настанување на ризичен настан врши обесштетување до 30.000 евра во денарска противвредност по депонент, во банка, филијала на странска банка или штедилница во согласност со одредбите од законот.
Во износот до 30.000 евра предмет на обештетување се и главницата и каматата на сите депозити на кои е имател едно лице депонент во банка на денот на настанување на ризичниот настан.
Депозити кои не се обесштетуваат
- Депозити на депоненти на кои им биле дадени привилегирани каматни услови, различни од оние објавени во банката, филијалата на странската банка или штедилницата;
- Депозити на депоненти сопственици на над 5% од акциите со право на управување со банката, филијалата на странската банка или штедилницата;
- Депозити на членови на органите на управување на банката, филијалата на странската банка или штедилницата;
- Депозити на роднини од прв степен на лицата од точките 2 и 3, сопруг(а) и деца;
- Депозити кои се врзани со трансакции со кои се вршело перење пари доколку прекршителот е осудуван и казната е во сила.
Во случај кога депонентот има обврски кон банката или штедилницата, вкупниот износ на депозитот на депонентот се намалува за износот на обврските на депонентот кон банката, филијалата на странската банка или штедилницата.
Во случај на заеднички депозит се смета дека деловите на вложувачите се еднакви ако поинаку во договорот не е определено.
Повеќе информации на следниот линк.