Денарска платежна сметка на правно лице
Платежна сметка е сметка која ја одржува давателот на платежни услуги (Банката) на име на корисник на платежни услуги, која се користи за извршување платежни трансакции.
Денарска платежна сметка на правно лице која се користи за извршување на трансакции во домашна валута
- Отвoрање и затвoрање на платежна сметка без надомест.
- Корисникот во банката може да отвори повеќе платежни сметки.
Кој може да отвори платежна сметка?
Правно лице резидент
Потребни документи за отворање на платежна сметка:
Барање за отворање на платежна сметка за правно лице
Рамковен договор
Документи кои ги доставува клиентот:
- Тековна состојба од Централен регистар на РСМ или Решение за упис - не постара од 6 месеци
- Акт од надлежен орган за основање - (доколку учесникот не е запишан во регистар) / Извод од закон - (доколку учесникот е основан согласно закон)
- Образец ЗП - Заверени потписи на лица овластени за застапување заверени на нотар - (Банката задржува копија)
- Важечки документ за лична идентификација на:
- лицата овластени за застапување на фирмата - (управител/и)
- лицата овластени за располагање со средствата од платежната сметка
- вистински сопственици
- Тековна состојба на вистински сопственици на субјектот издаден од ЦР на РСМ - (не постара од 6 месеци)
Како може да се располога со средствата на платежната сметка:
- шалтерите на Банката (експозитури и филијали низ земјата)
- со бизнис платежни картички за плаќање и подигање на готовина на сите банкомати во земјата и странство
- електронско и мобилно банкарство
- шалтерите на АД Пошта на Р.С.Македонија (со претходно дадена согласност за работа со АД Пошта преку филијалите на банката)