Со цел да ги задоволи твоите потреби Халкбанк АД Скопје ти нуди на користење граѓански сефови и автоматизирани граѓански сефови со висок квалитет на услуга и доверливост во различни големини на сефови и на различни рокови на следните локации, Дирекција 2 на Ул. “Мајка Тереза” бр. 1 во Скопје, филијала Центар на Бул. “11 Октомври” бр. Р во Скопје, филијала Тетово на Бул. “Илирија” бр. 19 во Тетово и во филијала Гостивар на Ул. “Гоце Делчев” бб во Гостивар.
Сефот може да се користи за чување на предмети, документи, накит, меници и останати хартии од вредност. Во сефот не може да се чуваат согорливи и експлозивни матерјали, оружје (вклучително и трофејно), расипливи матерјали и предмети чие поседување и промет се забранети со закон.