Карактеристики

СМС услугата му овозможува на корисникот преку СМС порака да добие информација на мобилен телефон за секоја успешна или неуспешна трансакција со платежна картичка од Халкбанк АД Скопје реализирана преку АТМ, ПОС терминал и Интернет.

Известувањето ги опфаќа сите картички на подносителот на барањето – основни и дополнителни кредитни и дебитни картички издадени од Халкбанк АД Скопје.

СМС пораката ги опфаќа моментално расположливата состојба на картичката, износот, местото и датумот на следните трансакции:

Подигнување на готовина на АТМ
Подигнување на готовина од ПОС терминал на шалтерите во Банките
Трансакција  на ПОС терминал
Интернет трансакции
Проверка на состојба на картичката на банкомат

Дополнителни информации

За да може да ја активирате услугата СМС инфо:

  • аплицирајте во најблиската филијала
  • емаил до контакт центарот help24@halkbank.mk
  • активирајте преку електронско банкарство

Предности

  • Заштита од злоупотреба
    • Во случај на добивање на СМС известување на трансакцијата која не е направена од Ваша страна или од страна на имателите на дополнителните картички, треба веднаш да се блокира картичката на маил help24@halkbank.mk или на телефонскиот број 02-3296-330 (24/7)
  • Заштита од повеќекратно извршување на иста трансакција на ПОС терминали
  • Проверка на износот од извршената трансакција