Карактеристики

Фактот дека Халкбанк АД Скопје ги разбира потребите на компаниите и ги прилагодува своите одлуки според поединечните бизнис потреби е потврдено и со самиот факт за довербата која ја ужива меѓу компаниите во државата. Ние секогаш сме подготвени да ги прилагодиме нашите услуги и производи кон секоја компанија поединечно, согласно Вашите карактеристики, во насока на максимално искористување на Вашите капацитети и потенцијал за работа и развој.

Ние нудиме финансиска поддршка и совет насочен кон развојот на компаниите со долгорочно финансирање во инвестициски проекти и тоа:

Набавка на машини и опрема, возила и проширување на капацитетите;
Реконструкција на постоечкиoт бизнис капацитет;
Купување или изградба на деловен простор;
Рефинансирање на Вашите инвестиции од сопствени ресурси итн.
Износот на кредитот, рокот на отплата и динамика, можноста за грејс период се дефинирани во согласност со планираните извори за финансирање, соодветниот тек на готовина (cash-flow) и деловниот план за инвестиции што клиентот ќе го приложи во Банката.
Обезбедување: Согласно кредитната политика на Банката.
Халкбанк АД Скопје при финансирање на правни лица, освен сопствени средства на Банката на своите клиенти им нуди и кредити од кредитните линиии.

За дополнителни информации контактирајте не или посетете ја Вашата најблиска филијала/експозитура.

Слични кредити
за вашите потреби