Онлајн апликација

ОНЛАЈН

апликација
Електронско банкарство

ЕЛЕКТРОНСКО

банкарство
24/7 ATM

24/7 АТМ

Располагање со Вашите средства
Безбедност

Највисоките стандарди за

БЕЗБЕДНОСТ

Предности
и карактеристики

Mastercard Debit Junior e платежна дебитна картичка наменета за малолетни лица – деца од 9 до 15 години поврзана со платежна сметка на детето.

Картичката се издава со име и презиме на детето.

Со картичката може да се извршуваат безготовински трансакции на ПОС, АТМ и интернет како и бесконтактни трансакции
секаде каде што го има знакот за бесконтактно плаќање.

Дневниот лимит е поставен на 2.000 денари по канал, но законскиот застапник/старател може да го сетира
по сопствена желба преку своето електронско/мобилно банкарство или преку повик во Конктакт центарот 24/7.
Родителот има постојано увид во трошењето на детето преку своето електронско и мобилно банкарство и преку добивање
на СМС пораки за извршени трансакции.

Без трошоци за отворање, водење и одржување на платежна сметка на малолетно лице
Можност за следење на платежната сметка на детето
Можност за одредување на лимити на платежната картичка на детето
Mожност за блокирање на картичката преку електронското банкарство на родителот во случај на губење.
Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство
Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето
Можност за СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател
Можност за дигитализирање на платежната картичка на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay

За Mastercard Debit Junior може да се аплицира преку филијалите на Халкбанк во присуство на двајцата родители/старател
и потребна е следнава документација:

  • Документ за лична идентификација(за законските застапници/старател)
  • Извод од матична книга на родени (за малолетното лице)
  • Изјава потпишана од двајцата законски застапници/старател
  • Барање за издавање и користење на Junior платежна картичка

Слични картички за 
вашите потреби