ХАЛК МОБИ ПОС  
НОВА ДИМЕНЗИЈА НА МОБИЛНО
ПЛАЌАЊЕ ВО ВАШИОТ БИЗНИС

Халк Моби ПОС е иновативно решение кое овозможува вашиот Android паметен телефон да функционира како пренослив ПОС терминал за извршување на бесконтактни плаќања. Со користење на вградената NFC технологијата, вашиот мобилен уред или таблет станува сигурна платформа за брзи и безбедни платежни трансакции.

Аликацијата е компатибилна со сите Android уреди кои поддржуваат NFC и овозможува плаќања со Mastercard и Visa картички, како и од други бесконтактни уреди – мобилен телефон, паметен часовник, прстен, алка, привезок и слично.

Начинот на плаќање е идентичен со класичниот ПОС терминал, но сите плаќања се исклучиво бесконтактни, што го прави процесот побрз и поедноставен.

Апликацијата е сертифицирана според меѓународните PCI DSS безбедносни стандарди, што гарантира високо ниво на заштеда на податоците и сигурност при секоја трансакција.

Одберете го Халк Моби ПОС и внесете нова димензија на мобилно плаќање во вашиот бизнис – едноставно, брзо и доверливо.

ПРЕДНОСТИ НА ХАЛК МОБИ ПОС
ВО ОДНОС НА ПОС ТЕРМИНАЛ

Халк Моби ПОС апликација ПОС терминал
Опрема Android уред мобилен/таблет Физички ПОС уред
Преносливост Целосна мобилност Ограничена
Слип извештај Електронско испраќање, заштеда на хартија Печатен слип
Инсталација Брза и едноставна Подолг процес на инсталација (неколку дена/недела)
Сервисирање Апликацијата може само да има потреба да се ажурира Потребно е физички да се подигне терминалот и да се сервисира од овластени лица
Преглед на трансакции Лесен пристап до податоци и управување од далечина Ограничен на дневно ниво

ШТО ВИ Е ПОТРЕБНО ЗА ДА
КОРИСТИТЕ ХАЛК МОБИ ПОС?

  • Барање и договор со Халкбанк АД Скопје за користење на оваа услуга
  • Паметен уред со оперативен систем Android
  • NFC Функционалност на мобилниот уред
  • Интернет конекција

АКТИВИРАЊЕ НА
УСЛУГАТА

1 2 3 4
Пополнете Барање и Договор за инсталирање на Халк Моби ПОС апликација во најблиската филијала Банката ќе ви испрати е-маил со информации за ID, СМС порака со активациски код и линк до апликацијата. Преземете ја апликацијата од Google Play Store и започнете со регистрација следејќи го Упатството. По активирањето вашиот мобилен уред е спремен за процесирање на платежни трансакции.