Инструкција за аплицирање:
За да станете корисник на Пакетот за пензионери, потребно е Вашата пензија да се исплаќа на платежна сметка во Халк банка АД Скопје.
Доколку веќе примате пензија во друга банка:
- Побарајте одјава од Вашата тековна банка
- Пријавете се во најблиската филијала на Халк банка, најдоцна до 20-ти во тековниот месец
- Со ова ќе се овозможи навремено префрлање на пензијата, за да можете да ја подигнете веќе следниот месец
По извршена прва исплата на пензија во Халк банка АД Скопје:
- Информирајте ги вработените во филијалата дека сакате да го користите Пакетот за пензионери
- Потпишете Изјава за пристапување кон Пакетот.
Со потпишувањето на Изјавата, официјално станувате корисник на сите услуги предвидени во Пакетот за пензионери.