Информации за користење
Клиентите физички лица може да аплицираат за користење на дебитни или кредитни платежни картички.
Дебитните и кредитните платежни картички издадени од Халкбанк АД Скопје се меѓународни платежни картички и поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure – Visa Secure и Mastercard Secure Code).
Дебитната платежна картичка е поврзана со платежната сметка на клиентот во банката.
Важноста на дебитната платежна картичка е 5 години со можност за реиздавање.
За користење на кредитна платежна картичка за клиентот се проверува кредитоспособноста и се одобрува кредитен лимит. Револвинг кредитната платежна картичка е всушност одобрен кредит кој е автоматски обновлив, а кој Банката го одобрува на подносителот на барањето за издавање на кредитна платежна картичка. За искористениот износ расположливиот кредитен лимит се намалува, додека по уплатата на искористениот износ истиот повторно е расположлив за користење на корисникот на кредитната картичка.
Кредитната платежна картичка може да се одобри на физички лица со редовни месечни примања – приматели или неприматели на плата/пензија во Халкбанк и/или клиенти кои ќе ја обезбедат картичката со депозит. Во завосност од типот на кредитната платежна картичка.
Важноста на кредитната платежна картичка е 3 години со можност за реиздавање.
Можност за повлекување готовина на АТМ, плаќање на ПОС терминали и можност за интернет плаќање.
Дополнителни поволности со кредитните платежни картички:
- Плаќање до 60 рати без камата кај над 800 партнери на Банката.
- Собирање бонус поени и нивно користење на мрежата на ПОС терминали на Халкбанк
- Повлекување готовина без провизија последните седум денови од секој месец од банкоматите на Халкбанк АД Скопје.
- 10% пониски цени при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.
- Можност за online аплицирање преку Електронско банкарство или Мобилната апликација на дел од кредитните платежни картички
Платежните картички овозможуваат брзо и лесно бесконтактно плаќање секаде каде што го има знакот за бесконтактно плаќање.
Пин авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за платежни трансакции до висина на лимитот одреден од Банката (2.000 денари ) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни платежни картички.
Имплементирана е засилена автентикација за трансакции на ПОС терминали со дебитни и кредитни платежни картички издадени од Халкбанк АД Скопје.
Внес на ПИН код на ПОС терминалот ќе биде побаран во следните случаи на бесконтактни платежни трансакции:
- кога поединечниот износ на бесконтактната платежна трансакција надминува 2.000 денари
- кога вкупниот износ на претходните бесконтактни платежни трансакции (кои биле авторизирани без ПИН код) надминува износ од 9.000 денари
- кога бројот на последователни бесконтактни платежни трансакции(кои биле авторизирани без ПИН код ) е поголем од пет
Лимитот за плаќањето со платежните картички и сите извршени платежни трансакции клиентите може да ги следат и сетираат преку електронското или мобилно банкарство.
За да бидете информирани за секоја Ваша платежна трансакција преку СМС инфо може да аплицирате во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје, да ја доставете на емаил: help24@halkbank.mk или да активирате преку електронското/мобилно банкарство.
Клиентот кога ќе поднесе барање за платежната картичка или кога ќе аплицира онлајн за платежна картичка ќе биде информиран преку СМС порака дека е испечатена платежната картичка и во која филијала/експозитура да ја подигне. Процедурата одзема од 3-5 работни дена.