Физички лица на возраст од 18 до 24 години потребно е да достават пополнето барање за пакет на млади и документи за идентификација (лична карта/пасош)
За одобрување на пакетот за млади на физички лица на возраст од 16 до 18 години, при аплицирање на пакетот потребно е истите да бидат застапувани од двајцата законски застапници/старатели лично во филијалите на Банката. Законските застапници потребно е со себе да имаат документи за идентификација (лична карта/пасош), извод од матична книга на родени на детето и да потпишат изјава во врска со пакетот за млади. Малолетното лице кое аплицира за пакетот потребно е да има со себе лична карта или пасош.