Опис на конкурсот

Нашата банка продолжува да нуди посебни финансиски производи и решенија за жените претприемачи, водена од визијата да биде „Вистински Слободна“. Преземаме иновативни чекори во повеќе области со цел зајакнување на екосистемот на женското претприемништво и придонес кон одржлива иднина. Во согласност со оваа визија, со гордост го го споделуваме шестото издание на традиционалниот Конкурс „Жени што создаваат“, организиран од нашата матична банка Халкбанк Туркије кој оваа година е допстапен за пријави од Р. Северна Македонија а со цел да им помогнеме на жените храбро да ги остваруваат своите соништа и да станат повидливи во општеството.

Нашата матична банка Халкбанк Туркије објави конкурс за жени претприемачки за 2027 година. На конкурсот ќе бидат оценувани претпријатија кои се издвојуваат со своите иновативни идеи и технолошки ориентирани активности, го интегрираат пристапот кон одржливост во своите деловни процеси, бележат раст благодарение на својот потенцијал за развој и постигнатите успеси, како и оние кои создаваат општествено влијание преку развивање иновативни решенија за општествените проблеми.

Услов за пријавување е најмалку 50% од сопственичките удели во претпријатијата да им припаѓаат на жени.

Конкурсот „Жени што создаваат“ претставува платформа која не го истакнува само економскиот придонес на жените претприемачки, туку и нивниот придонес кон општествените промени. Жените претприемачки кои се подготвени за развој, имаат визија и веќе го завршиле процесот на основање на своето претпријатие, ќе имаат можност да се истакнат преку своите проекти и да ги инспирираат идните генерации.

Конкурсот оваа година е отворен и за пријави од нашата земја. Искористете ја можноста вашите успеси да допрат до пошироката јавност.

Категории на конкурсот

Категорија „Жена претприемач на годината“: Категорија во која се оценуваат претпријатија со конечен годишен промет над 11 милиони денари, кои создале сопствен бренд и веќе се присутни на странските пазари или имаат за цел да се прошират на меѓународно ниво.

Категорија „Иновации, технологија и вештачка интелигенција“: Категорија во која се оценуваат претпријатија кои ефикасно ја користат технологијата за развој на иновативни производи, услуги или деловни модели, создаваат додадена вредност и имаат потенцијал за проширување и раст.

Категорија „Ѕвезда во подем“: Категорија во која се оценуваат жени претприемачи чиј годишен нето-приход од продажба не надминува 11 милиони денари, кои имаат потенцијал за раст и се отворени за развој и иновации.

Категорија „Одржливост“: Категорија во која се оценуваат претпријатија кои развиваат производи, услуги или деловни модели насочени кон одржливост и создаваат вредност во областите на ефикасно користење на ресурсите, циркуларна економија, нула отпад и рециклирање.

Категорија „Социјален претприемач“: Категорија во која се оценуваат претпријатија кои развиваат решенија за општествени или еколошки проблеми, создаваат економска вредност и истовремено придонесуваат за општествена благосостојба, преку активности во области како што се образованието, вработувањето на жените, лицата со попреченост, животната средина, климатските промени и слично.

Услови за учество

Пријавувањето за конкурсот „Жени што создаваат“ на Халкбанк Туркија се врши преку официјалната веб-страница на Банката, www.halkbank.com.tr, со пополнување и зачувување на пријавниот формулар на следниот линк: Аплицирај

*Кандидатите имаат право да ги ажурираат своите пријави во рок од 3 дена од денот на поднесувањето.

*Пријавите се поднесуваат во име на жената претприемач или женската задруга. Секоја жена претприемач или женска задруга може да поднесе само една пријава.

Со поднесувањето на пријавата за конкурсот, учесникот се смета дека ги прифаќа условите за учество, ја потврдува точноста на информациите наведени во пријавниот формулар и потврдува дека доставените документи се обврзувачки за него. Halkbank не презема никаква одговорност во однос на точноста на информациите и документите доставени од учесникот.

Дополнително, со поднесувањето на пријавата, учесниците прифаќаат дека целосната одговорност за евентуални побарувања и барања во врска со авторските права од страна на носителите на правата или трети лица, како и за сите поврзани граѓански и кривични постапки, ја сноси учесникот кој ја поднел пријавата.

Евалуација

Критериумите за оценување на пријавите може да се разликуваат во зависност од категоријата, но генерално ќе бидат земени предвид следните критериуми:

  •  Придонесот кон економијата;
  •  Одржлива финансиска структура и деловен успех;
  •  Бројот на отворени работни места за жени;
  •  Отвореност кон технолошкиот развој;
  •  Ефикасно управување со продажбата и клиентите;
  •  Диференцијација и иновативност во маркетингот;
  •  Способност за решавање на реална потреба;
  •  Оригинална приказна и деловна идеја;
  •  Создавање општествена корист.

По завршувањето на процесот на оценување, определен број финалисти од секоја категорија ќе бидат оценувани од страна на жири-комисија составена од стручни лица од соодветните области и успешни деловни жени кои служат како примери и инспирација.

Награди

Категорија

Износ на наградата

Жена претприемач на годината

2.000.000 TL

Иновации, технологија и вештачка интелигенција

1.000.000 TL

Ѕвезда во подем

1.000.000 TL

Одржливост

1.000.000 TL

Социјален претприемач

1.000.000 TL