Карактеристики

Ако Вашата компанија има потреба за финансирање на тековните ликвидносни потреби, Халкбанк АД Скопје Ви нуди можност за контокорентен кредит на сметката на Вашата компанија. Ова е одлична можност секогаш да имате одредена сума на пари на располагање и да ја искористите по потреба. Овој кредит претставува дозволено пречекорување на сметката на компанијата, кој е одобрен за период до 12 месеци. Контокорентниот кредит Ви озможува со паричните средства да го премостите рокот на доспевање на Вашите побарувања и набавите роба или да создадете финансиски резерви со еднократен трошок.

Предности

Клиентот плаќа камата само на искористениот износ од контокорентниот кредит;
Клиентот има резервен извор на финансирање на деловните активности;
Кредитот се отплаќа автоматски со секој прилив на сметката на која е одобрен кредитот.

За дополнителни информации контактирајте не или посетете ја Вашата најблиска филијала/експозитура.

Слични кредити
за вашите потреби