Платниот промет како
достапна услуга за граѓаните
Важноста на платниот промет во Пошта ја согледуваме во едноставноста на извршувањето на готовинските плаќања, а воедно,
за некои жители тоа е и единствен начин за плаќање сметки и обврски кон државата или уплати на средства. Имајќи предвид дека платниот промет е
најевтин начин за плаќање, системот го имплементиравме во најкус можен рок со цел да обезбедиме функционирање на платниот промет.
Имено, плаќањето во готово преку шалтерите на Пошта е со особено поволни провизии. Плаќањето на сметки и други режиски трошоци е во
висина од 35 денари, додека висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот кој се уплаќа.
Покрај тоа, коминтентите на Халкбанк на шалтерите на Пошта можат да вршат и директни плаќања од своите сметки,
а ќе бидат овозможени и други банкарски, дополнителни услуги.
Водејќи се од своите принципи, Халкбанк настојува да нуди и обезбедува одлични услуги и корисничко искуство, а веруваме дека во истото ќе се
уверат и корисниците на банкарски услуги на АД Пошта.