Без трошоци

за обработка

Поволни каматни

стапки

Флексибилни опции за

животно осигурување

Општи информации

Халкбанк АД Скопје нуди наменски станбени кредити за прво купување/изградба на стан/куќа обезбедени со полиса за животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје или полиса од незгода издадена од ХАЛК Осигурување АД Скопје.

Кредитот можете да го користите за купување или изградба на стан/куќа. Осигурителната полиса овозможува заштита на Вашиот имот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

Предности

Станбен кредит во денари, обезбеден со животно осигурување или со полиса од незгода кој го нуди Халкбанк АД е со временски рок на отплата до 30 години, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Станбениот кредит со девизна клаузула во ЕУР кој го нуди Халкбанк АД е со временски рок на отплата до 30 години, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Доколку купувате недвижност во тек на градба Банката соработува со следните градежни компании.

Полиса незгода

Трошоци за кредитот

    • 450 мкд - проверка во Кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања)
    • 500 мкд - апликација за кредит,
    • Задолжителна полиса од незгода од Халк Осигурување АД Скопје
    • Меничен бланкет

Обезбедување: Хипотека на недвижен имот, меница и менична изјава.

    • Надомест за предвремена отплата на кредит: За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата. Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит. Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката. Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист.

На 01.01 од секоја година, Банката ќе врши утврдување на висината на варијабилната каматната стапка како збир од која била важечката стапка на 6 месечен Еурибор на 01.12 од претходната година зголемен за процентни поени.

На 01.07 од секоја година, Банката ќе врши утврдување на висината на варијабилната каматната стапка како збир од која била важечката стапка на 6 месечен Еурибор на 01.06 од тековната година зголемен за процентни поени.

* 4,18% СВТ за износ на кредит од 75.000 еур, каматна стапка 3,2% фиксна за првите 10 години, 5,519% варијабилна за остаток од период, рок на отплата 360 месеци, трошок за апликација од 500 МКД, трошок за проверка во МКБ 450 МКД и трошок за полиса од незгода 3000 МКД.

* Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ , висината на договорната каматна стапка и износот на полисата.