Платниот промет како
достапна услуга за граѓаните

Важноста на платниот промет во Пошта ја согледуваме во едноставноста на извршувањето на готовинските плаќања, а воедно,
за некои жители тоа е и единствен начин за плаќање сметки и обврски кон државата или уплати на средства. Имајќи предвид дека платниот промет е
најевтин начин за плаќање, системот го имплементиравме во најкус можен рок со цел да обезбедиме функционирање на платниот промет.

Имено, плаќањето во готово преку шалтерите на Пошта е со особено поволни провизии. Плаќањето на сметки и други режиски трошоци е во
висина од 35 денари, додека висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот кој се уплаќа.
Покрај тоа, коминтентите на Халкбанк на шалтерите на Пошта можат да вршат и директни плаќања од своите сметки,
а ќе бидат овозможени и други банкарски, дополнителни услуги.

Водејќи се од своите принципи, Халкбанк настојува да нуди и обезбедува одлични услуги и корисничко искуство, а веруваме дека во истото ќе се
уверат и корисниците на банкарски услуги на АД Пошта.

Пензија до дома

Благодарение на партнерството помеѓу Халкбанк АД Скопје и Пошта на Северна Македонија, твојата пензија може да биде доставена и исплатена до твојот дом!

Пријави се за достава на пензијата на домашна адреса во било која филијала на Халкбанк АД Скопје и очекувај навремена, безбедна и доверлива достава!

Достава и исплата на пензии на домашна адреса преку АД Пошта Месечен надоместок
Пензија во износ до 5.000 денари 70 денари
Пензија во износ од 5.001 до 9.000 денари 100 денари
Пензија во износ од 9.001 до 15.000 денари 130 денари
Пензија во износ над 15.000 денари 160 денари