Секој корисник на финансиски услуги има право да поднесе поплака до Банката доколку смета дека е извршена неправилност во работењето
или дека се прекршени неговите права како потрошувач. Банката се обврзува сите поплаки да ги разгледа навремено и објективно.

Начини на поднесување поплака

Поплаката може да ја поднесете преку еден од следните начини:

  • Лично во Филијала/Експозитура
    Со пополнување на Формулар за поплаки кој е достапен во Филијалите/Експозитурите на Банката. Пополнетиот формулар го ставате во сандачето
    за поплаки/пофалби/сугестии од клиенти.
  • Онлајн Формулар
    Достапен на веб-страницата на Банката. Пополнете го и испратете го електронски.
  • По е-пошта
    Испратете ја поплаката на: poplaki@halkbank.mk, со наведување на податоци
    (како податоци за идентификација, детален опис на проблемот) согласно Онлајн Формулар .
  • Телефонски
    Контактирајте не на: 02 3240 893
  • Писмено, по пошта
    На следната адреса:
    Халк Банка АД Скопје
    Одделение за унапредување на квалитетот на клиентските услуги
    ул. Свети Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје
    Република Северна Македонија

Потврда за прием на поплака

По приемот на Вашата поплака, надлежната организациона единица на Банката ќе Ви испрати потврда за прием на поплаката согласно каналот на кој ја имате доставено.

Потребни информации за анализа на поплаката

Со цел да извршиме детална анализа и навремено да Ви одговориме по поплаката, Ве молиме при поднесување на поплаката да ни ги доставите следните податоци:

  • Податоци за Ваша идентификација (Ваше Име и презиме, дата на раѓање, контакт податоци (телефон, е-пошта, адреса);
  • Детален опис на настанот;
  • Информација за услугата или производот на кој се однесува поплаката;
  • Прилог-документација (доколку ја поседувате);
  • Наведете начин на кој сакате да добиете одговор (е-пошта, писмено на адреса, телефонски).

Одговор на Вашата поплака

Банката се обврзува да одговори на поднесената поплака во најкраток можен рок, но не подоцна од 15 работни дена од денот на прием.

Доколку не може да се одговори во рок од 15 дена, ќе бидете навремено информирани за причините за доцнење, како и за рокот за одговор – кој не може да биде повеќе од 35 работни дена од денот на приемот на поплаката.

Одговорот ќе го добиете преку истиот комуникациски канал преку кој е поднесена поплаката, освен ако не наведете поинаков начин за достава на одговорот.

Доколку Банката ја оцени поплаката како неоснована, ќе Ве информираме за причините за неоснованост.

Нашата цел е да обезбедиме фер, навремена и објективна обработка на сите поплаки со цел подобрување на квалитетот на услугите и задоволството на нашите клиенти.

Со почит,
ХАЛКЛБАНК АД СКОПЈЕ