Предности и  
карактеристики

Асистенција на пат е техничка помош на пат за лични и лесни комерцијални возила до 3,5 тона носивост која корисникот може да ја активира во случај на дефект на возилото, сообраќајна незгода/несреќа, невнимателно ракување или надворешни влијанија.

Корисникот на основната картичка ги користи поволностите од асистенција на пат независно во кое возило се наоѓа при случај кога истото може да се активира.

Трошокот за полиса асистенција на пат е на страна на Банката и не се задолжува корисникот на картичката. Полисата се обновува секоја година.

Со картичката корисникот добива асистенција на пат пакет Европа и истиот ги вклучува следниве поволности:

Вид на услуга Halk Europe Car Assistence
Контакт центар 0-24 часа, 365 дена неограничено
Drive Angel апликација неограничено
Помош (поправка на возило) на пат - замена на гума 12.500 мкд
Отклучување на возило (механичко, електронски) вклучено
Достава на гориво вклучено
Превоз на возило 29.000 мкд
Заменско возило во случај на сообраќајна незгода 3.150 мкд / ден до 3 дена
Трошоци за продолжување на патување со алтернативен превоз (такси, авион, автобус и воз) 12.500 мкд
Сместување на возач и патници 3.150 мкд / ден / лице до 3 дена
Извлекување на возило вклучено

Drive Angel – мобилна апликација која ги предупредува возачите на небезбедно возење, овозможува итни повици и повици во случај на несреќа и многу повеќе

Drive Angel е составен дел од производот асистенција на пат и апликацијата може да се превземе преку Android или iPhone уред и потоа да се инсалира на мобилниот уред.
На следниот линк е достапно упатството за инсталација. По започнувањето на апликацијата, потребно е да го внесете кодот за пристап што корисникот на основата картичка го добива на својот мобилен телефон 24 часа по врачување на полисата асистенција на пат, а потоа да ги внесете потребните податоци, по што личниот Ангел е подготвен за употреба.

Ова важи за корисници кои имаат издадено полиса пред 01.04.2026