Бенефиции со
Смарт Кеш
Услугата овозможува поголема флексибилност при користењето готовина од страна на корисниците на електронско банкарство на Банката, како и од страна на нивни најблиски или трети лица, за што одлучува клиентот.
Мобилниот телефон на корисникот на електронско банкарство се претвора во уред за подигнување готовина или, пак, уред за праќање готовина на други лицa. Со избирање на полето СМАРТ КЕШ преку електронското банкарство или мобилната апликација го генерирате 10 цифрениот код кој треба да се искористи на АТМ на Халкбанк во времетраење од 12 часа.
Повлекување готовина без картичка сега е лесно во неколку чекори.